7 септември (настани)
шаблон на Викимедија
70 | Римската армија под водство на војсководецот Тит го окупира и уништва Ерусалим. |
1764 | Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. |
1822 | Бразил прогласува независност од Португалија. |
1901 | Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи. |
1940 | Авионите на Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше позната под името „Лондонски блиц“. |
1992 | Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. |
1993 | Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија. |
1997 | Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ во Македонија. |
2012 | Околијата Јиљанг, Кина ја погодуваат два земјотреса со јачина од 5,6 и 5,3 Mw. Несреќата однела 89 животи и повредила 800 лица. Срушени се 20.000 домови, а евакуирани се уште 100.000 граѓани. |