3 Јунона — голем астероид во астероидниот појас. Откриена е во 1804 г. од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг.[13] Ова е третиот по ред откриен астероид кој спаѓа меѓу дваесетте најголеми и еден од двата најкрупни каменливи астероиди (тип S) заедно со 15 Евномија. Се проценува дека ова тело зафаќа 1 % од вкупната маса на астероидниот појас.[14]

3 Јунона ⚵
Орбитата на Јунона е значително елиптична со мал наклон, движејќи се меѓу Марс и Јупитер.
Откривање
ОткривачКарл Лудвиг Хардинг
Откриено1 септември 1804
Ознаки
Наречена по
Јунона
Главен појас (Јунонска грутка)
Орбитални особености[1]
Епоха ЈД 2457000,5 (9 декември 2014)
Афел3,35293 ае
Перихел1,98847 ае
2,67070 ае
Занесеност0,25545
4,36463 г
17,93 км/с
33,077
Наклон12,9817°
169,8712°
248,4100°
Сопствени орбитални елементи[2]
2,6693661 АЕ
Сопствено занесеност
0,2335060
Сопствен наклон
13,2515192°
Сопствено средно движење
82.528181 ° / г
4.36215 г
(1593.274 d)
Прецесија на перихел
43,635655 лс / г
Прецесија на искачувачки јазол
−61,222138 лс / г
Физички особености
Димензии(320×267×200)±6 км[3]
Среден пречник
246,596 ± 10,594 км[1]
Среден полупречник
135,7±11 [4]
216 000 км2[5]
Зафатнина8 950 000 км3[5]
Маса(2,86 ± 0,46)⋅1019 kg[б 1][6]
Средна густина
3,20 ± 0,56 г/см3[6]
Екваториска површ. гравит.
0,12 м/с2
0,18 км/с
7,21 ч[1] (0,3004 д)[7]
Екваторска вртежна брзина
31,75 м/с[5]
0,238[1][8]
Температура~163 K
најг: 301 K (+28°C)[9]
S[1][10]
7,4[11][12] до 11,55
5.33[1][8]
0,30" до 0,07"

Астероидот е наречен по врховната римска божица Јунона, сопруга на Јупитер.

Историја

уреди

Откривање

уреди

Астероидот е откриен на 1 септември 1804 г. од Карл Лудвиг Хардинг.[1] Подолго време се сметал за планета, сè додека не се утврдило дека се работи за астероид и мала планета во текот на 1850-тите.[15]

Особености

уреди

Јунона се вбројува меѓу најголемите астероиди (веројатно десеттоти по големина) и сочинува 1 % од масата на сиот астероиден појас.[16] Го зазема второто место по масивност меѓу астероидите од типот S, веднаш по 15 Евномија.[3] И покрај тоа, Јунона има маса само 3 % од онаа на Церера.[3]

 
Првите десет откриени астероиди во големинска споредба со Месечината. Јунона е трета од лево.

Орбиталниот период на Јунона изнесува is 4,36578 години.[17]

Меѓу астероидите од типот S, Јунона е необично отсјајна, што може да упатува на посебни површински својства. Големото албедо е причината за нејзината релативно висока привидна величина за мало тело кое не е блиску до внатрешниот раб на астероидниот појас. Јунона може да достигне +7,5 на поволна противположба, што е посјајно од Нептун или Титан, поради што е откриена пред поголемите астероиди Хигија, Европа, Давида и Интерамнија. Но на највеќето противположби, Јунона достигнува величина од +8,7[18] — едвај видлива со двоглед — и при помали издолжувања ќе мора да користи 76-милиметарски телескоп за да се распознае со доволна острина.[19] Астероидот е главното тело на Јунониното семејство.

Планети 1807–1845
1 Меркур  
2 Венера  
3 Земја  
4 Марс  
5 Веста  
6 Јунона  
7 Церера  
8 Палада  
9 Јупитер  
10 Сатурн  
11 Уран  

Јунона најпрвин се сметала за планета, заедно со 1 Церера, 2 Палада и 4 Веста.[20] Во 1811 г. Ј. Ј. Шретер ѝ го проценил пречникот на 2.290 км.[20] По откривањето на други астероиди, сите четири биле прогласени за такви тела. Со малите димензии и неправилниот облик, Јунона не може да биде џуџеста планета.

Астероидот кружи на малку помало средно растојание од Сонцето отколку Церера и Палада. Има умерено наклонета орбита со околу 12° кон еклиптиката, но таа е крајно занесена, повеќе од Плутоновата. Овааа голема занесеност повеќе ја доближува до Сонцето во перихел отколку Веста, а подалеку во афел отколку Церера. Од сите астероиди со пречник преку 200 км, само 324 Бамберга има позанесена орбита.[21]

Јунона се врти во напредна насока при осен наклон од околу 50°.[22] Највисоката забележана температура на површината (во делот што гледа право кон Сонцето) изнесува 293 K, измерена на 2 октомври 2001 г. Земајќи го предвид тогашното хелиоцентрично растојание, ова дава проценета највисока температура од 301 K (+28 °C) во перихел.[9]

Спектроскопските проучувања на Јунонината површина даваат можност да се заклучи дека таа може да е предок на хондритите, кои се чест вид на каменлив метеорит составени од железоносни силикати како оливин и пироксен.[23] Инфрацрвените слики покажуваат присуство на кратер со ширина од 100 км, како последица од геолошки млад удар.[24][25]

Според инфрацрвените податоци на MIDAS добиени со Хејловиот телескоп, во 2004 г проценет е просечен полупречник од 135,7±11.[4]

Набљудувања

уреди

Јунона е првиот астероид забележан како прикрива друго тело. Минала пред слаба ѕвезда (SAO 112328) на 19 февруари 1958 г. Оттогаш се забележани неколку затскривања, од кои најкорисно е она на SAO 115946 на 11 декември 1979 г. заведено од 18 различни набљудувачи.[26] На 29 јули 2013 г. астероидот ја затксрил ѕвездата PPMX 9823370 со величина од 11,3,[27] како и 2UCAC 30446947 на 30 јули 2013 г.[28]

Масата на Јунона е проценета од радиосигналите од леталата што кружат околу Марс и апаратите на неговата површина, кои пак ги мерат ситните растројувања кои таа ги предизвикува врз движењето на Марс.[29] Нејзината орбита малку се изменила во 1839 г. најверојатно поради растројувања од непознат астероид кој минал крај неа.[30]

Во 1996 г. Хукеровиот телескоп во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ направил слики на Јунона при видливи и близуинфрацрвени бранови должини служејќи се со адаптивна оптика. Сликите го опфаќаат целиот вртежен период и го покажуваат неправилниот облик и темното подрачје кое се смета за последица од неодамнешен удар.[25]

Противположби

уреди

Јунона достигнува противположба од Сонцето на секои 15,5 месеци, при што најмалото растојание во голема мера се разликува, зависно од тоа дали е близу до перихелот или афелот. Низи од поволни противположби се јавуваат на секоја 10-та противположба, односно малку над секои 13 години. Последните поволни противположби биле на 1 декември 2005 г. на растојание од 1.063 ае, величина од 7,55, како и на 17 ноември 2018 г. при најголемо растојание од 1.036 ае, величина од 7,45.[31][32] Следната поволна противположба ќе биде на 30 октомври 2031 г. при растојание од 1.044 ае, величина од 7,42.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,44 ± 0,23 × 10−11 M

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „JPL Small-Body Database Browser: 3 Juno“ (2017-11-26 last obs). Посетено на 17 ноември 2014.
  2. „AstDyS-2 Juno Synthetic Proper Orbital Elements“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. Посетено на 1 октомври 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 Baer, Jim (2008). „Recent Asteroid Mass Determinations“. Personal Website. Архивирано од изворникот на 2 јули 2013. Посетено на 3 декември 2008.
  4. 4,0 4,1 Lim, L; McConnochie, T; Belliii, J; Hayward, T (2005). „Thermal infrared (8?13 ?m) spectra of 29 asteroids: The Cornell Mid-Infrared Asteroid Spectroscopy (MIDAS) Survey“ (PDF). Icarus. 173 (2): 385. Bibcode:2005Icar..173..385L. doi:10.1016/j.icarus.2004.08.005. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 март 2016. Посетено на 26 август 2019.
  5. 5,0 5,1 5,2 Calculated based on the known parameters
  6. 6,0 6,1 James Baer, Steven Chesley & Robert Matson (2011) "Astrometric masses of 26 asteroids and observations on asteroid porosity." The Astronomical Journal, Volume 141, Number 5
  7. Harris, A. W.; Warner, B. D.; Pravec, P., уред. (2006). „Asteroid Lightcurve Derived Data. EAR-A-5-DDR-DERIVED-LIGHTCURVE-V8.0“. NASA Planetary Data System. Архивирано од изворникот на 9 април 2009. Посетено на 15 март 2007.
  8. 8,0 8,1 Davis, D. R.; Neese, C., уред. (2002). „Asteroid Albedos. EAR-A-5-DDR-ALBEDOS-V1.1“. NASA Planetary Data System. Архивирано од изворникот на 17 декември 2009. Посетено на 18 февруари 2007.
  9. 9,0 9,1 Lim, Lucy F.; McConnochie, Timothy H.; Bell, James F.; Hayward, Thomas L. (2005). „Thermal infrared (8–13 µm) spectra of 29 asteroids: the Cornell Mid-Infrared Asteroid Spectroscopy (MIDAS) Survey“. Icarus. 173 (2): 385–408. Bibcode:2005Icar..173..385L. doi:10.1016/j.icarus.2004.08.005.
  10. Neese, C., уред. (2005). „Asteroid Taxonomy.EAR-A-5-DDR-TAXONOMY-V5.0“. NASA Planetary Data System. Архивирано од изворникот на 2 септември 2006. Посетено на 24 декември 2013.
  11. „AstDys (3) Juno Ephemerides“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. Посетено на 26 јуни 2010.
  12. „Bright Minor Planets 2005“. Minor Planet Center. Архивирано од изворникот на 29 септември 2008.
  13. Cunningham, Clifford J (2017), Bode's Law and the discovery of Juno : historical studies in asteroid research, Springer, ISBN 978-3-319-32875-1
  14. Pitjeva, E. V. (2005). „High-Precision Ephemerides of Planets—EPM and Determination of Some Astronomical Constants“ (PDF). Solar System Research. 39 (3): 176. Bibcode:2005SoSyR..39..176P. doi:10.1007/s11208-005-0033-2. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 октомври 2008.
  15. Hilton, James L. „When did the asteroids become minor planets?“. U.S. Naval Observatory. Архивирано од изворникот на 24 март 2008. Посетено на 8 мај 2008.
  16. Pitjeva, E. V.; Precise determination of the motion of planets and some astronomical constants from modern observations, in Kurtz, D. W. (Ed.), Proceedings of IAU Colloquium No. 196: Transits of Venus: New Views of the Solar System and Galaxy, 2004
  17. „Comets Asteroids“. Find The Data.org. Архивирано од изворникот на 14 мај 2014. Посетено на 14 мај 2014.
  18. Odeh, Moh'd. „The Brightest Asteroids“. The Jordanian Astronomical Society. Архивирано од изворникот на 11 мај 2008. Посетено на 21 мај 2008.
  19. „What Can I See Through My Scope?“. Ballauer Observatory. 2004. Архивирано од изворникот на 26 јули 2011. Посетено на 29 јули 2008. (archived)
  20. 20,0 20,1 Hilton, James L (16 ноември 2007). „When did asteroids become minor planets?“. U.S. Naval Observatory. Архивирано од изворникот на 24 март 2008. Посетено на 22 јуни 2008.
  21. „MBA Eccentricity Screen Capture“. JPL Small-Body Database Search Engine. Архивирано од изворникот на 27 март 2009. Посетено на 1 ноември 2008.
  22. Северниот пол е насочен кон еклиптичките координати (β, λ) = (27°, 103°) со несигурност од 10°. Kaasalainen, M.; Torppa, J.; Piironen, J. (2002). „Models of Twenty Asteroids from Photometric Data“ (PDF). Icarus. 159 (2): 369–395. Bibcode:2002Icar..159..369K. doi:10.1006/icar.2002.6907. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-16. Посетено на 2021-07-01.
  23. Gaffey, Michael J.; Burbine, Thomas H.; Piatek, Jennifer L.; Reed, Kevin L.; Chaky, Damon A.; Bell, Jeffrey F.; Brown, R. H. (1993). „Mineralogical variations within the S-type asteroid class“. Icarus. 106 (2): 573. Bibcode:1993Icar..106..573G. doi:10.1006/icar.1993.1194.
  24. „Asteroid Juno Has A Bite Out Of It“. Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics. 6 август 2003. Архивирано од изворникот на 8 февруари 2007. Посетено на 28 февруари 2007.
  25. 25,0 25,1 Baliunas, Sallie; Donahue, Robert; Rampino, Michael R.; Gaffey, Michael J.; Shelton, J. Christopher; Mohanty, Subhanjoy (2003). „Multispectral analysis of asteroid 3 Juno taken with the 100-inch telescope at Mount Wilson Observatory“ (PDF). Icarus. 163 (1): 135–141. Bibcode:2003Icar..163..135B. doi:10.1016/S0019-1035(03)00049-6.
  26. Millis, R. L.; Wasserman, L. H.; Bowell, E.; Franz, O. G.; White, N. M.; Lockwood, G. W.; Nye, R.; Bertram, R.; и др. (февруари 1981). „The diameter of Juno from its occultation of AG+0°1022“ (PDF). Astronomical Journal. 86: 306–313. Bibcode:1981AJ.....86..306M. doi:10.1086/112889.
  27. Asteroid Occultation Updates – 29 јули 2013
  28. Asteroid Occultation Updates – 30 јули 2013.
  29. Pitjeva, E. V. (2004). „Estimations of masses of the largest asteroids and the main asteroid belt from ranging to planets, Mars orbiters and landers“. 35th COSPAR Scientific Assembly. Held 18–25 July 2004, in Paris, France. стр. 2014. Bibcode:2004cosp...35.2014P.
  30. Hilton, James L. (февруари 1999). „US Naval Observatory Ephemerides of the Largest Asteroids“. Astronomical Journal. 117 (2): 1077–1086. Bibcode:1999AJ....117.1077H. doi:10.1086/300728. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 15 април 2012.
  31. The Astronomical Almanac for the year 2018, G14
  32. Астероидот 3 Јунона во противположба Архивирано на 1 декември 2017 г. 16 ноември 2018 г. во 11:31 ч. UTC

Надворешни врски

уреди