Центар за мали планети
Центар за мали планети (англиски: Minor Planet Center, MPC) — официјална светска организација надлежна за прибирање на набљудувачки податоци за мали планети (како астероиди и комети), ги пресметува нивните орбити и го објавува овие информации во билтенот Minor Planet Circulars. Организацијата работи под покровителство на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) во Смитсоновата астрофизичка опсерваторија, дел од Центарот за астрофизика, заедно со Харвардската опсерваторија.[1]
Организацијата нуди низа бесплатни семрежни услуги кои им помагаат на астрономите во набљудувањата на малите планети и кометите. Целосниот каталог на орбити на малите планети исто така се нудат за слободно преземање. Покрај астрометриските податоци, центарот прибира фотометриски податоци за светлосните криви на телата. Центарит е задолжен даги ускладува истражните набљудувања во потрага по можни околуземски објекти пријавени преку семрежниот образец и наменскиот блог.[2][3] Надлежен е за препознавање на околуземјените објекти и предупредување за опасноста од судир со Земјата неколку недели по нивното откривање (погл. потенцијално опасни објекти и Центар за мали планети § Белешки).[1]
Историја
уредиЦентарот за мали планети е основан во 1947 г. при Синсинатскиот универзитет под водство на Пол Хергет.[4][5]:63 Со неговото пензионирање на 30 јуни 1978 г.[5]:67 установата е преместена во Смитсоновата астрофизичка лабораторија и раководното место му припаднало на Брајан Марсден.[5]:67 Од 2006 до 2015 г.[6] со неа директорувал Тимоти Спар,[7] предводејќи петчлен кадар. Почнувајќи од февруари 2015 г. на чело на центарот е привремениот директор Метју Холман.[8]
Периодика
уредиЦентарот повремено издава астрометриски наоди од набљудувања на мали планети, некои комети и месчеини.[9] На мрежното место е достапна опширен архив на изданија во PDF. Најстарата единица во архивот е од 1 ноември 1977 г. (MPC 4937–5016).[10]
- Minor Planet Circulars (M.P.C. или MPCs), прев. Расписи за мали планети
- Minor Planet Electronic Circulars (MPECs), прев. Електронски расписи за мали планети
- Minor Planets and Comets Supplement (MPS), прев. Додаток за мали планети и комети
- Minor Planets and Comets Orbit Supplement (MPO), прев. Додаток за орбитите на малите планети и кометите
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Centres – Minor Planet Center. International Astronomical Union. Архивирано од изворникот на 2020-05-13. Посетено на 20 April 2016.
- ↑ „The NEO Confirmation Page“. Minor Planet Center. Посетено на 20 April 2016.
- ↑ „NEOCP Blog“. Minor Planet Center. Посетено на 20 April 2016.
- ↑ Donald E. Ostertbrock & P. Kenneth Seidelmann (1987). Paul Herget 1908 - 1981. A Biographical Memoir (PDF). Национална академија на науките на САД. стр. 64–65.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Brian G. Marsden (1980). „The Minor Planet Center“ (PDF). Celestial Mechanics. 22: 63–71. Bibcode:1980CeMec..22...63M. doi:10.1007/BF01228757.
- ↑ „Minor Planet Center Director Steps Down“. The Daily Minor Planet Blog. Minor Planet Center. 6 January 2015. Посетено на 20 April 2016.
- ↑ „MPEC 2010-W10: BRIAN MARSDEN (1937 Aug. 5-2010 Nov. 18)“. Minor Planet Center.
- ↑ „Interim Director Appointed to the Minor Planet Center“. The Daily Minor Planet Blog. Minor Planet Center. 4 February 2015. Посетено на 1 December 2015.
- ↑ „MPC: Publications“. Minor Planet Center. Посетено на 6 May 2016.
- ↑ „MPC/MPO/MPS Archive“. Minor Planet Center. Посетено на 6 May 2016.
<ref>
со назив „MPC-NEO-confirmation“ определена во <references>
групата „“ нема содржина..Надворешни врски
уреди- Центар за мали планети — матична страница (англиски)
- Архив на издаваштвото на Центарот за мали планети, сите расписи од 1977 г. наваму (англиски)
- База на орбитни податоци за мали планети (MPCORB) (англиски)
- Статусен извештај на Центарот за мали планети Архивирано на 10 мај 2017 г., Метју Џ. Холман, 8 ноември 2015 (англиски)
- Електронски расписи за мали планети — список на поновите изданија (англиски)
Видеа
уреди- Опасни астероиди, Дел 1: Како астероидот може да биде опасен? на YouTube (6:04 мин) (англиски)
- Опасни астероиди, Дел 2: Предизвици при пронаоѓањето на YouTube (7:14 мин) (англиски)
- Опасни астероиди, Дел 3: Пронаоѓање на патеката на YouTube (5:38 мин) (англиски)