Карл Лудвиг Хардинг
Карл Лудвиг Хардинг (германски: Karl Ludwig Harding, 29 септември 1765 – 31 август 1834) — германски астроном, познат како откривач на 3 Јунона во 1804 г. како третооткриен астероид во историјата[1][2] Во негова чест се наречени месечевиот кратер Хардинг и астероидот 2003 Хардинг.[3]
Карл Лудвиг Хардинг Karl Ludwig Harding | |
---|---|
Роден(а) | 29 септември 1765 Лауенбург |
Починал(а) | 31 август 1834 Гетинген | (возр. 68)
Познат по | 3 Јунона, астрономски откритија |
Поважни награди | Член на Кралското друштво Лаландова награда |
Роден е во свештеничко семејство во Лауенбург, Војводство Саксо-Лауенбург. Од 1786 до 1789 г. се образувал во Гетингенскиот универзитет, каде изучувал теологија, математика и физика.[2] Во 1796 г. Јохан Јероним Шретер го најмил како подучувач на неговиот син. Шретер бил страстен аматерски астроном, па така Хардинг набргу бил назначен за набљудувач и инспектор во неговата опсерваторија.
Во 1804 г. во таа опсерваторија Хардинг ја открил Јунона. Истата година бил назначен за професор по астрономија во Гетинген и го напуштил Лилиентал, каде на негово место дошол Фридрих Бесел.
Откритија
уредиПокрај Јунона, Хардинг открил три комети и променливите ѕвезди R Девица, R Водолија, R Змија и S Змија.[4]
Дела
уредиХардинг ги објавил следниве дела:[1]
- Atlas novus coelestis („Нов небесен атлас“, 1808–1823; преуреден од Јан во 1856 г.) во кој се дава каталогизирани 120.000 ѕвезди
- Kleine astronomische Ephemeriden („Мала астрономска ефемерида“, уред. од Вајсен, 1830–35)
- петнаесеттата од Ѕвездените карти на Берлинската академија (1830)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 . Нова меѓународна енциклопедија. 1905.
- ↑ 2,0 2,1 Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. Посетено на 19 јуни 2016.
- ↑ Schmadel, Lutz D. (2007). „(2003) Harding“. Dictionary of Minor Planet Names – (2003) Harding. Springer Berlin Heidelberg. стр. 162. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_2004. ISBN 978-3-540-00238-3.
- ↑ Zsoldos, E. (1994). „Three Early Variable Star Catalogues“. Journal for the History of Astronomy. 25 (2): 92–98. Bibcode:1994JHA....25...92Z. doi:10.1177/002182869402500202. S2CID 117099222.
Извори
уреди- Karl Christian Bruhns (1879), „Harding, Karl Ludwig“, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB) (германски), 10, Leipzig: Duncker & Humblot, стр. 593–594
- Willy Jahn (1966) "Harding, Karl Ludwig ". Нова германска биографија (NDB). 7. Berlin: Duncker & Humblot. стр. 666 et seq.. (цел текст)
- N. N.: Biographical notice of Professor Harding. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, Vol. 3 (1835), S. 86 (Nachruf, englisch)
Надворешни врски
уреди- Дела на К. Л. Хардинг — Систем за астрофизички податоци (англиски)