Отвори го главното мени

Скорпија (соѕвездие)

(Пренасочено од Шкорпија (соѕвездие))

Скорпија е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Scorpio значи скорпија, а неговиот симбол е Scorpio.svg. Се наоѓа меѓу соѕвездијата Вага на запад и Стрелец на исток. Ова е големо соѕвездие сместено а јужната хемисфера блиску до центарот на галаксијата Млечен Пат.

Скорпија
лат. Scorpius
Scorpius constellation map mk.svg
КратенкаSco
ГенитивноScorpii
Ректасцензија16 hrs. 53 min. 15 sec. ч.
Деклинација−30° 44' 12"°
Површина497 (°)² (33rd)
Главни ѕвезди15
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
47
Ѕвезди со планети7
Ѕвезди посјајни од 3,00m13
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)3
Најсјајна ѕвездаАнтарес (α Sco) (0.96m)
Најблиска ѕвездаHD 156384
сг,  пс)
Месјеови објекти4
Метеорски дождовиалфаскорпииди
омегаскорпииди
Соседни
соѕвездија
Стрелец
Змијоносец
Вага
Волк
Рамнило
Олтар
Јужна Круна
Видливо на ширина од +40° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули.

КарактеристикиУреди

ЅвездиУреди

Соѕвездието Скорпија содржи многу сјајни ѕвезди, меѓу кои Антарес (α Sco), β1 Sco (Графијас), δ Sco (Џуба), θ Sco (Sargas), λ Sco (Шаула), ν Sco (Џаба), ξ Sco (Графијас), π Sco (Iclil), σ Sco (Алнијат), τ Sco (исто така позната како Алнијат) и υ Sco (Лесат).

МитологијаУреди

 
Дијаграмот кој ги поврзува сјајните ѕвезди од Скорпија, има форма на скорпија

Во старогрчката митологија, соѕвездието Скорпија понекогаш се идентификува со скорпијата која ја испратила божицата Хера (или Геа) за да го убие ловецот Орион. Соѕвездието Орион се наоѓа наспроти соѕвездието Скорпија на ноќното небо, што се смета за божествена вниматилност да не се повтори на небото смртното непријателство.

Скорпијата исто така се појавува и во една верзија на приказната за Фаетон, смртниот син на Хелиос, сонцето. Фаетон замолил да ја вози сончевата кочија на еден ден, но ја изгубил контролата. Коњите се исплашиле од небесната скорпија чии клешти биле спремни да нападнат, и кочијата диво летала низ небото.

АстрологијаУреди

  Главна статија: „Скорпија (хороскопски знак).

Во западната астрологија знакот Скорпија е од 23 октомври до 21 ноември, а тоа се разликува од сидералниот зодијак, каде Скорпијата е од 16 ноември до 16 декември. Астрономски, сонцето минува низ Скорпија само за една недела, и тоа од 23 ноември до 30 ноември.


Надворешни врскиУреди

НаводиУреди