Швидњица (полски: Świdnica) — град кој се наоѓа во Полска, во Долношлеското Војводство, со население од 59.002 жители според податоци од 2014 година. Швидњица е седиште на истоимениот регион, како седми по големина град во војводството.

Швидњица
Стариот град
Стариот град
Грб на Швидњица
Швидњица is located in Полска
Швидњица
Швидњица
Координати: 50°51′N 16°29′E / 50.850° СГШ; 16.483° ИГД / 50.850; 16.483
Земја Полска
ВојводствоДолношлеско
ОкругШвидњички
ОпштинаШвидњица
Градски статус1267
Управа
 • ПретседателБеата Москал Сланиевска
Површина
 • Вкупна21,76 км2 (840 ми2)
Надм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2014)
 • Вкупно59.002
 • Густина27/км2 (70/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код58-100 to 58-106
Повик. бр.+48 74
Регистарски  табличкиDSW
Мреж. местоhttp://www.um.swidnica.pl

Историја

уреди
 
Катедралната црква
 
Евангелистичката црква
 
Седиштето на Швидњица

Швидњица бил основан во 1250 година, иако денеска основачкиот акт не постои. Во почетокот градот бил во состав на Броцлавското Војводство. До 1290-те биле изградени градските ѕидини и шестте порти. Во овој период населението на градот се занимавало со занаетчиство и трговија. Во периодот од 1291-1392, Швидњица бил бил главен град на Швидњичкото Војводство.

Кон крајот на 14 век градот бил под власт на Кралство Бохемија, период во кој започнал голем економски развој. Последниот полски пјаст бил војводата Болко II, а по неговата смрт во 1368 година војводството било преземено од страна на неговата сопруга. По нејзината смрт војводството било приклучено кон Бохемија а подоцна и кон Светото Римско Царство. Во 1493 година, градот бил споменет од страна Хартман Шедел во неговата Nuremberg Chronicle.

Во 1526 година, целата област Шлеска бил приклучена кон територијата на Хабсбуршката Монархија. Градот бил седиште на Швидњичкото Војводство. Градот во голема мера бил разрушен во времето на Триесетгодишната војна (1618-1648). Во текот на Првата шлеска војна (1740-1742), Швидњица била окупирана оод страна на Кралство Прусија. Таа потоа се претвори во тврдина од страна на Фридрих Велики.

Швидњица повторно била окупирана од страна на Австрија кон крајот на 1762 година, за време на Третата шлеска војна но останала пруска територија по завршувањето на војната. Потоа, таа станала дел Германското Царство во 1871 година за време на обединувањето на Германија и останала во територијата на Германија до крајот на Втората светска војна.

По поразот на Нацистичка Германија во 1945 година, градот како и поголемиот дел од Шлеска станал дел од Полска. Голем дел од германското население било протерано во Германија.

Географија

уреди

Градот се наоѓа во историската област Долна Шлеска. Сместен е крај реката Бистшица, југозападно од Вроцлав и североисточно од Валбжих.

Население

уреди
  • 1939 - 39 052
  • 1946 - 21 448
  • 1960 - 39 078
  • 1970 - 47 673
  • 1978 - 54 900
  • 1988 - 62 184
  • 1997 - 65 167
  • 2002 - 61 189
  • 2009 - 59 754

Образование

уреди

Швидњица е дом на колеџот за комуникациска технологија.

Градби

уреди

Готската црква на Св. Станислав и Вацлав од 14 век има највисока кула во Шлеска, со 103 метри височина. Евангелистичката црква на мирот била изградена во 1656-1657 година и е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Црквата Св. Јосиф и црквата Св. Кристофер биле изградени во стил на барок. Во градот се наоѓа и параклисот посветен на св. Барбара.

Други значајни одредишта се стариот дел на градот и плоштадот Стари Ринек, замокот Gola Dzierżoniowska, средновековниот град Ниемца итн.

Личности

уреди

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. Офіційний сайт міста Івано-Франківська. mvk.if.ua (украински). Посетено на 7 March 2010.
  2. „Partnerská města: Jičín“.

Наводи

уреди