Постоење — способност на непоредно или посредно заемодејствување со стварноста. Постоењето е во суштина најважната и фундаментална тема на онтологијата, филозофското учење за природата на битието, постоењето, или стварноста во општа смисла. Традиционално како дел од филозофијата која што е наречена метафизика, онтологијата се занимава со прашања поврзани со ентитетите и нивното постоње, како ентитетите се групираат, како се поврзани според хиерархија и поделени според нивните сличности и разлики.

Материјализмот се држи до ставот дека сè што постои е материја и енергија, дека сите нешта се создадени од материјал, како и дека сите акции бараат енергија, и дека целиот тој феномен, која ја вклучува и свеста, е резултат на материјалените меѓусебни делувања.

Рационализмот смета дека сите нешта се составени од струни на расудување, дека нештата се поврзуваат со идејата, и дека целиот феномен вклучувајќи ја и свеста, е резултат на сфаќањето на отпечатокот од нуменалниот свет кој лежи зад самите нешта.

Потекло на поимот

уреди

Латинскиот збор за „постоење“ е exsistere, којшто значи „да се појави“, „да изгрее“, „да стане“, и „да се биде“, но всушност, тоа значи „да се отстапи“.[1] Во техничка смисла, имено ова се однесува на отстапување од битието и постанувањето, иако и двете ги имаат истите квалитети.[1]

Историски концепции

уреди

Во Западната традиција на филозофијата, најраните познати сеопфатни третмани на темата доаѓаат од Платоновите дела „Фадо“, „Република“, „Државник“ и „Метафизика“ на Аристотел. Аристотел развил сеопфатна теорија на битието, според која само поединечни нешта, наречени супстанции, но другите нешта како што се поврзаноста, односите, времето и местото (наречени „категории“) произлегуваат од битието и зависат од поединечните нешта. Во „Метафизика“, Аристотел вели дека постојат четири причини за постоење или промена во природата: материјална, формална, дејствена и целесообразна.

Нео-Платонистите и некои ранохристијански филозофи расправале за тоа дали постоењето е реално надвор во божјиот ум. Некои пак тврдат дека постоењето е замка и заблуда, дека светот, месото и ѓаволот постоеле само за да го искушуваат слабото човештво далеку од Бога.

Средновековниот филозоф Тома Аквински тврдел дека Бог е чисто битие, и дека во Бога суштината и постоењето се исти.[2] Во приближно исто време, номиналниот филозоф Вилијам Окамски во првата книга од неговата „Трактат за сета логика“ (Summa Totius Logicae, напишана пред 1327 година), тврдел дека категориите не се форма на битие, туку деривативи за постоењето на поединците.

Ранонововековна филозофија

уреди

Во Европа, првите размислувања на оваа тема доаѓаат од Антоан Арно и Пјер Никол, „Логика“ или „Уметноста на размислувањето“, подобро познати како „Порт-ројалска логика“, првпат објавена во 1662 година. Арнолд сметал дека пропозицијата или пресудата се состои од преземање на две различни идеи, кои се ставени заедно или се отфрлени:

По зачнувањето на работите од страна на нашите идеи, ги споредуваме овие идеи и дознаваме дека некои припаѓаат заедно, а останати не, ние ги групираме или ги одделуваме. Ова се нарекува потврдување или негирање, во генерална смисла. Оваа пресуда исто така се вика исказ, и лесно се гледа дека има два термини. Едниот термин, кој потврдува или негира нешто, е всушност предметот; другиот термин, кој е потврден или негиран, се нарекува атрибут или исказ.

— Антоан Арно, Уметноста на мислењето, 1662, издание од 1996 г., Логика, II.3, стр. 82

Оваа теорија на пресуда доминирала со векови, но секако имала некои очигледни проблеми: само го разгледува предлогот од целокупната форма „Сите А се Б“, што некои логичари тоа го нарекуваат егзистенцијално. Не дозволува искази од типот на „Некои А се Б“, што е исто така егзистенцијално. Ако ниту А ниту Б не ја содржат идејата на постоењето, тогаш „Некои А се Б“. Ако А или Б ја содржат идејата за постоењето на начин како што „триаголникот“ ја содржи идејата „три агли еднакво на две прави агли“, тогаш „А постои“ автоматски е вистина, и имаме онтологиски доказ дека А постои.

Дејвид Хјум расправал дека исказот дека нешто постои, не го дополнува концептот. Кант расправал дека постоењето не е „реален“ исказ, но не дал никакво објаснување за тоа како е тоа можно. Шопенхауер пак тврдел дека „сè што постои за знаењето, а оттука и целиов овој свет, со еден збор е претстава.”[3] Според него може да „нема објект без субјект“, бидејќи „сè што е објективно е веќе условено од познатиот субјект со сите облици на знаење, и претпоставените форми...“[4]

Природата на исказот

уреди

Џон Стујарт Мил (како и ученикот на Кант Јохан Фридрих Хербарт) сметал дека исказната природа на постоењето ја дава реченицата како што е „Кентаурот е поетска фикција“[5] или „Најголемиот број е невозможен“.[6] Франц Брентано го оспорувал ова, исто како и Готлоб Фреге. Брентано сметал дека може да се спојат два збора за да се добие концепт на споени зборови. На пример, може да ги споиме зборовите „човек“ и „мудар“ и да добиеме „мудар човек“, што не претставува реченица. Поради ова, зборот што ги спојува мора да врши поголема функција од едноставно спојување или разделување. Понатаму, со додавање на „постои“ кон „мудар човек“, добиваме целосна реченица „мудар човек постои“, која има исто значење со реченицата „некој човек е мудар“.

Во математичката логика постојат два квантификатора „неколку“ и „сите“. Првиот „неколку“ може да се каже и како „постојат“. Во изразот „постои човек“, зборот „човек“ е она за што се тврди дека постои. Но, ако кажеме „постои триаголник“, што е апстрактна идеја наспроти човекот, или „постои добрина“, не е јасно дали апстрактното или доблеста постојат на ист начин како и човекот, столицата, куќата. Во тој контекст, прашање е дали постои „постоењето“?[7] Во некои искази постоењето се подразбира иако не е посебно нагласено. Во реченицата „мостот ја сече Темза кај Хамерсмит“, постоењето на мостот, Темза и Хамерсмит се подразбира.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Harper, Douglas. „existence“. Online Etymology Dictionary.
  2. Marenbon, John (2006). Medieval Philosophy: An Historical and Philosophical Introduction. Routledge. стр. 239. ISBN 9781134461837.
  3. The World as Will and Representation, vol. I, § 1
  4. The World as Will and Representation, vol. I, § 7
  5. John Stuart Mill, A System of Logic, 1843 I. iv. 1.page 124
  6. Uberweg (System of Logic) §68
  7. To exist is to have a specific relation to existence – a relation, by the way, which existence itself does not have. Bertrand Russell – The Principles of Mathematics – New York, W. W. Norton & Company, 1903, second edition 1937 pages 449–450.