Црна вдовица
Црна вдовица | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Arachnida |
Ред: | Araneae |
Семејство: | Theridiidae |
Род: | Latrodectus Walckenaer, 1805 |
Видови | |
околу 31, (види ја статијата) |
Црна вдовица (латински: Latrodectus) е род на пајак од фамилијата Theridiidae, која содржи 31 признат вид. Заедничкото име пајаци вдовици понекогаш се користи за сите членови на родот поради навиката на женката да го јаде мажјакот по парењето, иако понекогаш мажјаците на некои видови остануваат неизедени по парењето, и можат да оплодат други женки.[1]
Пајакот црна вдовица можеби e најпознатиот член на овој род. Вбризгувањето на невротоксичниот отров латротоксин (latrotoxin) од овие видови е релативно опаснo и резултира со состојба на латродектизам (latrodectism), именувана според латинскиот назив на родот. Каснувањето од женката на црната вдовица е особено штетно за човекот, поради нејзините невообичаено големи отровни жлезди. Сепак, каснувањето на црната вдовица ретко убива луѓе.
Видови
уредиПајаците вдовици можат да се најдат на сите континенти во светот, освен на Антарктикот. Црната вдовица, попозната како “јужна“ (Latrodectus mactans), “западна“ (Latrodectus hesperus) и “северна“ (Latrodectus variolus) може да се најде во Северна Америка, посебно во САД. Исто така, може да се најде и "сив" или "кафеав пајак вдовица" (Latrodectus geometricus) и "црвен пајак вдовица" (Latrodectus bishopi) (Preston-Malfham, 1998). Во Австралија има специфичен вид што се нарекува “црвеногрбен пајак вдовица“ (redback) (Latrodectus hasselti). Африканските видови на овој род понекогаш се познати како “копчести пајаци“ (button spiders).
Америка
уредиВо Северна Америка се среќаваат следните видови:
- Latrodectus bishopi, црвена вдовица, Флорида, САД
- Latrodectus hesperus, западна црна вдовица, Канада, САД и Мексико.
- Latrodectus mactans, црна вдовица (понекогаш се среќава како јужна црна вдовица), во топлите региони на САД
- Latrodectus variolus, северна црна вдовица, од крајниот југоисток на Канада и од јужна до северна Флорида, при што повеќе се среќава на северниот дел.
Во Централна и Јужна Америка се среќаваат следните видови:
- Latrodectus antheratus, Парагвај, Аргентина.
- Latrodectus apicalis, Галапагос.
- Latrodectus corallinus, Аргентина
- Latrodectus curacaviensis, Мали Антили, Јужна Америка.
- Latrodectus diaguita, Аргентина
- Latrodectus mirabilis, Аргентина
- Latrodectus quartus, Аргентина
- Latrodectus variegatus, Чиле и Аргентина
Европа, Северна Африка, Блискиот Исток и Западна Азија
уредиСледните пајаци се среќаваат во средоземниот регион, како и во Западна Азија:
- Latrodectus dahli, од Блискиот Исток до Средна Азија
- Latrodectus hystrix, Јемен, Сокотра
- Latrodectus lilianae, Пиринејски Полуостров
- Latrodectus pallidus, бела вдовица или бел степски пајак, Северна Африка, Блискиот Исток, Русија, Иран, Зелен ’Рт.
- Latrodectus revivensis, Израел.
- Latrodectus tredecimguttatus, средоземна црна вдовица или европска црна вдовица, во регионот на Средоземјето, Средна Азија, Казахстан, а забележана и во Кина од видот Latrodectus lugubris
Потсахарска Африка и Мадагаскар
уреди- Latrodectus cinctus, црн копчест пајак најден во Јужна Африка, Зелен ’Рт и Кувајт
- Latrodectus indistinctus, црн копчест пајак најден во Јужна Африка и Намибија
- Latrodectus karrooensis, црн копчест пајак најден во Јужна Африка
- Latrodectus menavodi, најден на Мадагаскар
- Latrodectus obscurior, најден на Зелен ’Рт и Мадагаскар
- Latrodectus renivulvatus, црн копчест пајак најден во Африка, Саудиска Арабија и Јемен
- Latrodectus rhodesiensis, кафеав копчест пајак најден во Зимбабве
Јужна, Источна и Југоисточна Азија
уреди- Latrodectus elegans, Кина, Мјанмар, Јапонија
- Latrodectus erythromelas, Шри Ланка
- Latrodectus ex laos, Лаос
Австралија и Океанија
уреди- Latrodectus atritus, црн катипо, најден на Нов Зеланд
- Latrodectus hasselti, црвеногрбен пајак, домороден во Австралија, а најден и во Југоисточна Азија и Нов Зеланд, каде што е донесен.
- Latrodectus katipo, црвен катипо, најден на Нов Зеланд
Ширум светот
уреди- Latrodectus geometricus, кафеава вдовица, сива вдовица, или кафеав копчест пајак, во Африка, САД, Јужна Америка, Австралија. Не е познато од каде потекнува овој пајак; како и да е, најден е на многу топли места во светот.
Црната вдовица како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Мрежа (Монолог на црна вдовица)“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Мартиновски.[2]
Наводи
уреди- ↑ Breene, R. G. and M. H. Sweet (1985). „Evidence of insemination of multiple females by the male Black Widow Spider, Latrodectus mactans (Araneae, Theridiidae)“. The Journal of Arachnology. 13 (3): 331–335.PDF Архивирано на 11 август 2017 г.
- ↑ Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 19-20.
Оваа статија за пајак е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |