Црква „Св. 40 Севастиски маченици“ - Битола

црква во градот Битола

Свети 40 Севастиски маченици — црква која се наоѓа на Кркардаш во битолскиот Смилевски Баир.[1] Била подигната пред 150 години, на местото каде постоел некогашниот манастир „Свети Атанасиј“. Кога турскиот аскер ја освојувал Битола, калуѓерите од манастирот пружиле жесток отпор борејќи се на тој начин што во едната рака носеле крст а во другата меч. Во чест на овие 40 калуѓери, подигнат е манастирот „Св. 40 маченици“. Славата на ова црквиче е на првиот ден на пролетта. Во близина на манастирот е ЦОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола, битолскиот Баир, како и меѓуградскиот стар патен правец Прилеп - Охрид преку Битола.

Свети 40 Севастиски маченици

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Градска битолска
Местоположба

Карта

Место Битола
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети 40 Севастиски маченици
Архитектонски опис

Црквата во книжевноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди