Црква „Св. Петар и Павле“ - Битола

црква во Битола

Св. Петар и Павле (или Собор на Светите Апостоли) — црква во Битола. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Петар и Павле
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Градска битолска
Местоположба

Карта

Координати 41°0′46.9″N 21°20′36.9″E / 41.013028° СГШ; 21.343583° ИГД / 41.013028; 21.343583
Место Битола
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Апостол Петар
Апостол Павле
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен

Црквата се наоѓа на јужниот крај на градот, како храм на Буковските гробишта. Претставува трикорабен храм со подиздигнат среден кораб, влез од југ и правоаголна апсида наднадвор на исток. Иконостасот е дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[1]

Во црковниот двор се погребани француски, а варојатно и српски војници загинати во Првата светска војна.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Андоновска, Ленче (2007). „Значајни личности за Битола“. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола: 90. ISBN 978-9989-2783-0-3. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Српски војни меморијали и места страдања“. Амбасада Републике Србије - Скопље Република Северна Македонија. Посетено на 12 јануари 2020.