Иларион Брегалнички

Митрополит Иларион (световно име Ивица Серафимовски, р. 13 јануари 1973 во Куманово) — Митрополит Брегалнички.

Иларион
Брегалнички митрополит
ЦркваМПЦ-ОА
ЕпархијаБрегалничка епархија
Ракоположен13 јули 2006
Службата завршилаво служба
ПретходникАгатангел
Наследникво служба
Лични податоци
Роден13 јануари 1973
Куманово, Македонија
ЗанимањеМитрополит на МПЦ-ОА

Образование

уреди

Роден е на 13 јануари 1973 година во Куманово со мирско име Ивица од православни родители - Македонци.

По завршувањето на основното образование во Куманово, во 1989 година се запишува во Македонската православна богословија во Скопје, каде, покрај примерноста и набожноста, покажува посебен интерес за монашкиот подвиг.

По завршувањето на петгодишното школување во богословијата, своето образование го продолжува на Православниот богословски Факултет во Скопје, каде и дипломирал.

Монашки живот

уреди

На 9 октомври 1994 година, е потстрижен за монах, а на 10 октомври 1994 година е ракоположен за јероѓакон во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид, од надлежниот архијереј Тимотеј Дебарско-кичевски. Во манастирот „Свети Наум“ престојува 1 година, а во 1995 година, заедно со сегашниот архимандрит Партениј, го возобновуваат како првомонаси манастирот „Свети Јован Бигорски“, во кој манастир на 11.9.1996 година, од митрополитот Тимотеј, е ракоположен за јеромонах. Од 21.6.1997 година, со дозвола на старешината на Бигорскиот манастир и благослов на надлежниот архијерејТимотеј Дебарско-кичевски, заминува во Брегалничката епархија, односно во Лесновскиот манастир, каде од надлежниот архијереј Митрополитот Брегалнички г. Стефан,е поставен за старешина на манастирот. На 28 јануари 1998 година е произведен за игумен на Лесновски манастир од страна на Митрополитот Стефан, а на 7 април 2003 година, во Соборниот храм „Свети Николај“ во Штип, согласно одлуката на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква бр. 63/03 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел е произведен во архимандрит.[1]

Архијереј на МПЦ-ОА

уреди

По предлог на надлежниот архијереј на Брегалничката епархија, Неговото Високопреосвештенство Агатангел Повардарски, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на својата седница одржана на 29 јуни 2006 година, со одлука бр. 140 го избра за епископ на Македонската православна црква, со титула Баргалски. Наречението беше извршено на 12 јули 2006 година, а хиротонијата на 13 јули 2006 година, во Соборниот храм „Свети Николај“ во Штип.

Со одлука на САС бр. 178 од 22 август 2006 година е назначен за епархиски архијереј на Брегалничката православна епархија, а со одлука на САС бр. 179 од 22. 08. 2006 година, има добиено Митрополитско достоинство, со титула Митрополит Брегалнички. Интронизацијата, согласно одлуката на САС бр. 180 од 22. 08. 2006 година, е извршена на 19.11.2006 година, во Соборниот храм на Брегалничката епархија "Свети Николај" во Штип.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-09-11. Посетено на 2015-01-26.

Надворешни врски

уреди