Харис Кастанидис
Харис Кастанидис (грчки: Χάρης Καστανίδης, 11 март 1956 во Солун, Грција) е грчки политичар и поранешен Министер за внатрешни работи на Грција.
Харис Кастанидис MP | |
---|---|
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 17 јуни 2011 – 11 ноември 2011 | |
Претседател | Каролос Папуљас |
Премиер | Јоргос Папандреу |
Министер за правда | |
На должноста 7 октомври 2009 – 17 јуни 2011 | |
Претседател | Каролос Папуљас |
Премиер | Јоргос Папандреу |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1956 Солун, Грција |
Националност | Грк |
Партија | ПАСОК |
Установа | Универзитет во Солун |
Професија | правник |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Кастанидис дипломирал на Правниот факултет во Солун. Во 1974 година станал член на ПАСОК, а во 1981 година бил избран за пратеник. Во 1984 година бил избран за член на Централниот комитет на ПАСОК.
Во текот на својата политичка кариера тој работел во Министерството за внатрешни работи, како заменик-министер ди 1986, во 1988 бил заменик-министер за образование, а истата година бил и министер за заменик-внатрешни работи. Во 1995 година бил назначен за министер за внатрешни работи, и на та позиција се задржал до 22 јануари 1996 година. Од 1996 работел како министер за транспорт и врски, до 2 септември 1997, кога поднел оставка. Од 2003 до 2004 година, бил министер за Македонија и Тракија. Од 2009 до 2011 бил министер за правда, а по реконструкција на владата, станал министер за внатрешни работи.