Јоргос Папандреу (помладиот)
Јоргос Папандреу (грчки: Γεώργιος Α. Παπανδρέου, [ʝeoɾʝios papanðɾeu], роден на 16 јуни 1952), е грчки политичар и поранешен премиер на Грција. Неговото семејство потекнува од долгогодишна политичка династија која е присутна во поновата историја на Грција.
Јоргос Папандреу Γεώργιος A. Παπανδρέου Пратеник | |
---|---|
182-от Премиер на Грција | |
На должноста | |
Стапил 6 октомври 2009 | |
Претседател | Карлос Папуљас |
Заменик | Теодорос Пангалос |
Претходник | Костас Караманлис |
водач на опозиција | |
На должноста 10 март 2004 – 6 октомври 2009 | |
Претходник | Костас Караманлис |
Наследник | Костас Караманлис |
Претседател на ПАСОК | |
На должноста | |
Стапил 8 февруари 2004 | |
Претходник | Костас Симитис |
Претседател на Социјалистичка Интернационала | |
На должноста | |
Стапил 30 јануари 2006 | |
Претходник | Антионио Гутерес |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 7 октомври 2009 – 7 септември 2010 | |
Претходник | Дора Бакојани |
Наследник | Димитрис Друцас |
На должноста 18 февруари 1999 – 13 февруари 2004 | |
Претходник | Теодорос Пангалос |
Наследник | Тасос Јаницис |
Министер за образование и верски работи | |
На должноста 8 јули 1994 – 25 септември 1996 | |
Претходник | Димитрос Фатурос |
Наследник | Герасимос Арсенис |
На должноста 22 јуни 1988 – 2 јули 1989 | |
Претходник | Апостолос Какламанис |
Наследник | Василиос Контогијапопулос |
Член на Грчкиот парламент | |
На должноста | |
Стапил 1981 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 16 јуни 1952 Сент Пол, Минесота САД |
Националност | Грк |
Партија | ПАСОК |
Сопружник | Ада Папапану |
Деца | Андреас(роден 1982) Маргарита-Елена(родена 1990) |
Установа | Амхерст Колеџ Стокхолмски универзитет Лондонско училиште за економија Харвардски универзитет |
Професија | Социолог |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Портал | www.papandreou.gr Panhellenic Socialist Movement Socialist International |
Почеток на политичката кариера
уредиВо текот на 1939 година, таткото на Папандреу, Андреас Папандреу бил прогонет од Грција како премиер на државата. Тој заминал во САД каде е роден Јоргос од мајка американка. Тој се образувал во училишта во Илиноис, Шведска и Канада и поседува дипломи од Емерст колеџ, Лондонската школа по економија и Харвардскиот универзитет.[1]
Во Грција се вратил заедно со своето семејство по обновата на демократијата во 1974 година. По доаѓањето во Грција, тој се присоединил кон партијата на својот татко. Во 1981 година Јоргос бил избран за пратеник во Собранието на Република Грција. Претходно, неговиот татко Андреас бил основачот на ПАСОК и бил премиер во два наврата, а пак дедо му по когого добил името, Јоргос, ја вовел Грција во либералните промени.[2]
ПАСОК
уредиКормилото на ПАСОК го преземал во јануари 2004, по повлекувањето на тогашниот премиер Костас Симитис а на партиските избори и официјално станува водач на партијта. Во изминативе години успеал да ги зацврсти позициите на социјалистите што пак му ја донело позицијата на претседател на социјалистичаката интернационала, светска организација која ги обединува лево ориентираните водачи. Предизборната кампања му се зановала на ветувања за борба против невработеноста и програма за јакнење на банкарскиот систем.Кампања кои многумина ја поистоветија со зборовите на Барак Обама.
Министер
уредиВо текот на 80-тите и 90-тите години, Папандреу извршувал многу важни функции во грчката влада меѓу кои и министер за образование. Круна на неговата кариера бил изборот за шеф на дипломатијата во 1999 година, кога придонел во смирувањето на долгогодишните тензии со соседна Турција.
Тој претходно бил министер за образование и верски работи (1988-1989 и 1994-1996) и министер за надворешни работи од 1999 до 2004 година. По неговиот дедо, Јоргос Папандреу, и неговиот татко Андреас Папандреу, тој е третиот член на семејството Папандреу кој станал премиер на земјата. Папандреу моментално е водач на грчкото социјалистичко движење (ПАСОК), од 2004 година. Во 2006 година станал претседател на Социјалистичката интернационала. Јоргос Папандреу стана 182-иот Премиер на Грција на 6 октомври 2009 година[3][4].
Премиер на Грција
уредиПо инаугурацијата, владата на Папандреу открила дека нејзините финансии се во многу лоша состојба, со буџетски дефицит од 12,7% од БДП, четири пати повеќе отколку еврозоната, а јавниот долг на земјата изнесувал 410.000.000.000 $.[5] По оваа официјално соопштение од страна на грчките власти, земјата влегла во голема економска криза, со стапка на невработеност од 10%[6]. Папандреу изготвил серија од мерки за штедење,[7] намалувајќи ги државните плати и пензии од една страна и зголемувајќи ги даноците во земјата од друга, како прва фаза од мерките за штедење.[8] Освен ова, биле воведени дополнителни мерки насочени кон борбата против неконтролираното затајување на данок[9] и намалување на вработените во јавниот сектор. Оваа програма за штедење предизвикала голем број на штрајкови по целата земја во Грција[10] и истата била критикувана на дел од министрите за финансии од Еврозоната.[11]
Решавањето на долготрајниот спор околу името со Македонија и помагањето за забрзување на кипарските мировни разговори, се само некои од предизвиците на надворешната политика со кои се соочува владата на ПАСОК.
Наводи
уреди- ↑ „Federal Register :: Request Access“. unblock.federalregister.gov. Посетено на 2023-07-11.
- ↑ „Profile: George Papandreou“. BBC News (англиски). 2011-11-02. Посетено на 2023-07-11.
- ↑ Mavrona, Katerina (2009-10-06). „New PM George Papandreou takes office“. ANA-MPA. ana-mpa.gr. Посетено на 2009-10-06.[мртва врска]
- ↑ „Papandreou sworn in as Greek PM“. BBC News. 2009-10-06. Посетено на 2009-10-06.
- ↑ „Greece Bailout: France, Germany Angry Over Rescue“. Time Magazine. 2010-02-16. Архивирано од изворникот на 2010-02-19. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ „Greece's unemployment rate hits 10%“. BBC News. 2010-02-11. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ „Greece unveils austerity programme to cut deficit“. BBC News. 2010-02-03. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ „Greek Tragedy: Athens' Financial Woes“. Time Magazine. 2010-02-15. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ „No tax please, we're Greek“. BBC News. 2010-02-11. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ „Greece hit by nationwide strike over austerity measures“. BBC News. 2010-02-10. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ „Greece told to make more spending cuts“. BBC Nwes. 2010-02-16. Посетено на 2010-02-17.
„Јоргос Папандреу (помладиот)“ на Ризницата ? |