Фудбалска репрезентација на Италија под 21 година

Фудбалската репрезентација на Италија под 21 година е фудбалска репрезентација на Италија за играчи на возраст до и под 21 година и е контролирана од страна на Италијанската фудбалска федерација.

 Италија
СојузФудбалска Асоцијација на Италија
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторИталија Лујџи Ди Бјаџо
КапитенМатео Бјанкети
Најмногу настапиАндреја Пирло (46)
Најдобар стрелецАлберто Џилардино (19)
ФИФА кодITA
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
Португалија Португалија 2 - 1 Италија Италија
(Фуншал, Португалија; 23 декември, 1976)
Најголема победа
Италија Италија 7 - 0 Естонија Естонија
(Катанѕаро, Италија; 23 март, 1995)
Италија Италија 8–1 Велс Велс
Павија, 5 септември, 2003
Најлош пораз
Норвешка Норвешка 6 - 0 Италија Италија
(Ставангер, Норвешка; 5 јуни, 2011)
Records for competitive
matches only.
Европско првенство под 21 година
Учества18 (Првпат во 1978)
Најдобар резултатПобедници, (1992, 1994, 1996, 2000, 2004)

Репрезентацијата се натпреварува на Европско првенство под 21 година, кое се одржува на секои две години. Италија е една од најуспешните нации во историјата на натпреварувањето, со пет победи на првенство (1992, 1994, 1996, 2000 и 2004).

Од 1990 до 2004 година, италијанците воспоставиле речиси целосна доминација во оваа категорија, освојувајќи пет од седум турнири.

Настапи на меѓународни натпреварувања

уреди

Евро У-21

уреди
  • 1978 : четврт-финале
  • 1980 : четврт-финале
  • 1982 : четврт-финале
  • 1984 : полуфинале
  • 1986 : второ место
  • 1988 : четврт-финале
  • 1990 : полуфинале
  • 1992 : шампиони
  • 1994 : шампиони
  • 1996 : шампиони
  • 1998 : не се квалификувале
  • 2000 : шампиони
  • 2002 : полуфинале
  • 2004 : шампиони
  • 2006 : прва фаза
  • 2007 : прва фаза
  • 2009 : полуфинале
  • 2011 : не се квалификувале
  • 2013 : второ место

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди

Рекорди

уреди

Играчи со најмногу настапи

Играч Натпревари Период
Андреја Пирло 46 (16) 1998-2002
Марко Мота 42 (1) 2005-2009
Матео Бриги 35 (2) 2000-2004
Даниеле Бонера 34 (0) 2001-2004
Матео Ферари 33 (3) 1999-2004
Алесандро Росина 32 (4) 2004-2007

Најдобри стрелци

Играч Голови Период
Алберто Џилардино 19 (30) 2000-2004
Андреја Пирло 16 (46) 1998-2002
Маноло Габијадини 12 (21) 2010-2013
Масимо Макароне 11 (15) 2000-2002
Роберт Аквафреска 11 (18) 2007-2009
Џанлука Вијали 11 (20) 1983-1986

 
Андреја Пирло играч со најмногу настапи во оваа селекција и втор на списокот на стрелците.

  • Федерико Бонацоли е моментално најмладиот играч кој го направил своето деби за италијанската репрезентација под 21 година, на возраст од 17 години и 6 месеци.[1]

Селектори

уреди
 
Име Националност Години
Ацелјо Вичини   (1976–1986)
Чезаре Малдини   (1986–1996)
Росано Џампалја   (1996–1997)
Марко Тардели   (1997–2000)
Клаудио Џентиле   (2000–2006)
Пјерлујџи Касираги   (2006–2010)
Чиро Ферара   (2010–2012)
Девис Манџија   (2012–2013)
Лујџи Ди Бјаџо   (2013–денес)

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Fcinternews.it (уред.). „Crisetig, esordio da record con l'Under 21“. Посетено на 6 септември 2012.