Тухал
Тухал или Туфал (грчки: Αετός, Аетос; до 1927 г. Τουφάλ, Туфал[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Драма во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Тухал Αετός | |
---|---|
Координати: 41°18′N 24°15′E / 41.300° СГШ; 24.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Драма |
Општ. единица | Драма |
Надм. вис. | 745 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на планината Боздаг, североисточно од Мокрош и градот Драма, на десниот брег на реката Места, на надморска височина од 745 м.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо ХІХ век Тухал било турско село во Драмската каза на Серскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Тухал живееле 157 Турци.[3]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 340 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 194 лица.[2]
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а во 1927 година, името на селото било променето во Аетос (Αετός).[1] Иако името на селото било променето, во него не биле сместени бегалци и не било обновено, со што подоцна е избришано од евиденција.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 декември 2024.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 196.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 198. ISBN 954430424X.