Турија (Катеринско)

село во Катеринско, Егејска Македонија

Турија или Турје (грчки: Γανόχωρα, Ганохора[2]) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Турија
Γανόχωρα
Општинската зграда
Општинската зграда
Турија is located in Грција
Турија
Турија
Местоположба во областа
Турија во рамките на Катерина (општина)
Турија
Местоположба на Турија во Катерина|Општина Катерина и областа Централна Македонија
Координати: 40°18′N 22°30′E / 40.300° СГШ; 22.500° ИГД / 40.300; 22.500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаКатерина
Надм. вис.&10000000000000103000000103 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно799
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 4 километри северно од градот Катерина, на надморска височина од 53 метри[3].

Историја

уреди

Селото било основано од бегалци од Источна Тракија по размената на население меѓу Грција и Турција во 1922 година. Во 1928 година селото било евидентирано како целосно бегалска населба со 114 бегалски семејства и 422 жители бегалци[4].

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 461 жител, додека во 1940 година селото броело 674 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 650 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 619 жители, во 1971 година имало 455 жители, во 1981 година имало 500 жители, додека во 1991 година имало 562 жители[5]. Денеска, населението на селото е 799 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 674 650 619 455 500 562 667 799
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τουργιά -- Γανόχωρα
  3. Координати од www.fallingrain.com
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 143.