Пелазги
Пелазгите — прединдоевропски народ кој живеел во јужните делови на Балканскиот Полуостров и се сметаат за негови први жители. Живееле во ридовите и планините, особено во Грција и Тесалија, каде новодојдените агресивни Елини во XII век п.н.е. ги натерале Пелазгите да се повлекуваат по планините и на север во Македонија, Тракија итн. Старословенскиот збор за ваквото живеење на рид/планина е „по-лазеч“, т.е. Полазеч, Полазги или Пелазги.[1]
- Топоними
- Risea
- Bura
- Eserus
- Halysaea
- Homolium
- Horeum
- Leucas
- Lebadea
- Phoronicium
- Oleanum
- Sellasia
- Sperchia
- Stantyra
- Sicorium
- Temnos
- Zemene
- Планини
- Halesius
- Homole
- Scolis
- Tomeus или T(a)marus
- Temnos
- Pretus
- Stena
- Реки
- Peneus
- Porina
- Selenus
- Selleis
- Thiessa (Tiassus)
Некои веруваат дека Пелазгите биле претходници на Античките Грци.[2][3] Славистот Шафариќ вели дека следниве антички топоними во географска Тракија, која ги опфаќа и македонските етнички територии се од словенско потекло:
- Од Тракија
- Arzos - Рашка
- Bennica - Банско
- Debre - Дебaр
- Dolonici(ae) - Дољани
- German - Чрмеп или Герман
- Samaika - Самоков
- Travus - Трева
- Zdebrin, Zernae, Zirinae, Zirinia - Црнец
- Во Македонија
- Cavetza - Кавица
- Melichiza - Малешево
- Nestus - Места
За античката тракиско-пеонско-македонска област Стримион, се тврди дека подоцна ја населило македонското словенско племе Струмјани. Според ова, областа Стримион која носи чисто словенско име потекнува од предсловенската колонизација. Струмиен е старословенски збор и означува врело/извор, а денес истиот збор, со истото значење се употребува во полскиот јазик. Во Пиринска Македонија и денес постои реката Струма, а во Македонија градот Струмица кои влечат корен од старословенскиот збор Струмиен.
Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите [4].
Во 450 г.п.н.е., Херодот за Пелазгите вели:
„ | Ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; ако тоа е така тогаш жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со нивното преминувањето кон Елините, примија друг јазик.[5] | “ |
Античкиот елински географ Страбон, вели:
„ | Што се однесува до Пелазгите, сите докази укажуваат на тоа дека тие се еден стар народ, кој бил распространет на територијата на цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија. | “ |
Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на реката Пенеј, Термопилите и планината Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти Пелазгите ја населуваaт таа земја [6]. Страбон ова го напишал во 9 век по Христа, што говори во прилог на тоа дека Пелазгите и тогаш живееле во Елада, Тесалија, Македонија итн. Од тие Пелазги-Аргaјци произлегувала македонската царска династија, почнувајќи од македонскиот цар Александар Први (Александар Трети е големиот Александар Македонски). На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини [7]. Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, туку Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие зборувале на еден ист јазик, неелински:
„ | Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess [8]. | “ |
Наводи
уреди- ↑ Зборник „Словенско братство“, Белград, 1947 г.; стр. 696-710
- ↑ Abel 1966, p. 13: "Common fifth century tradition claimed not only that the Pelasgians were the oldest inhabitants of Greece and among the ancestors of the Greek heroes."; p. 49: "Fifth century opinion assumed that the Pelasgians were the ancestors of the heroic Greeks, e.g. the ancestors of the Danaans, Arcadians and Athenians.".
- ↑ Brug 1985, стр. 41: "The Greek sources identify the Pelasgians as forerunners of the Greeks in the Peloponnesus and Attica.".
- ↑ Justin. VII, 1, 3
- ↑ Херодот I, 57-58
- ↑ Страбон, стр. 221
- ↑ Страбон V, 2, 4
- ↑ Tit Livi, XXX, 29