Тополница (Пиринско)
Тополница — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. До 1966 година, името на селото било Нова Тополница[1].
Тополница Тополница | |
---|---|
Координати: 41°24′N 23°19′E / 41.400° СГШ; 23.317° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 9.342 км2 (3,607 ми2) |
Надм. вис. | 84 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 696 |
• Густина | 0,075/км2 (0,19/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2858 |
Повик. бр. | 07422 |
Географија и местоположба
уредиСелото Тополница се наоѓа на 11 километри источно од Петрич, во Петричко-санданската котилина, на десниот брег од реката Струма и во североиаточните делови на планината Беласица. Селото се наоѓа на надморска висина од 84 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.342 км2. Климата е преодна средоземна со максимален зимски и летен минимум врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 500 милиметри.
Историја
уредиОткриена е доцна неолитска населба на околу 2 километри јужно од селото во месноста Кременица во близина на бугарско-грчката граница[2][3].
Османлиско Царство
уредиСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Тополница. Во истата година, во селото живееле 21 христијански семејства[4].
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополница (Topolnitza) е село со 25 семејства и 80 Македонци[5][6].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Тополница, на десниот брег на Струма спроти Кулата. Овде се наоѓа пределот помеѓу Петричко и Демирхисарско. Сместено е на источниот крај на Беласица на северозапад од Валовишта 6 часа. Одгледувањето добиток е во прв план. Од ова место доаѓаат познатиот тополнички волк. 30 турски куќи, 25 бугарски[5][7] | “ |
.
Георги Стрезов селото го споменал и по вторпат, и за него запишал:
„ | Тополница, во подножјето на Беласица; се н аоѓа на И од Петрич, два часа пат; до Струма нема 1⁄2 час; растојанието до Струмица е исто. Нивните ниви се долж овие две реки. Има 25 куќи, бугарски[5][8] | “ |
.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители, сите Македонци[5][9]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 36 ученици[5][10].
Според митрополитот Емилијан Мелнички, на 7 февруари 1908 година, чета на ВМОРО составена од 7 луѓе, предводена од Кочо Хаџиманов, водела битка во Тополница со османлиските трупи, губејќи неколку војници и документи[11].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[12].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 457 | 822 | 855 | 887 | 881 | 854 | 878 | 836 | 760 | 696 |
Наводи
уреди- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989, стр. 268.
- ↑ Беласица (портал за Беласица и региона), Тополница[мртва врска]
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/56365/2588/1-6-2011 - ΦΕΚ 162/ΑΑΠ/17-6-2011“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-09-21. Посетено на 27 октомври 2014.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 600-602.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVI, 1891, стр. 857.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 32.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
- ↑ „Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών“ (PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 5 декември 2014.
Επετέθη κατά του παραστρυμονίου χωριού Τοπόλνιτσα, της περιφερείας Πετρίτσης, ο λησταντάρτης Κώτσος μετά έξ οπαδών αυτού, αλλ' εγκαίρως λαβών γνώσιν του γεγονότος ο αυτοκρατορικός στρατός, τον μέν Κώτσον και τους οπαδούς αυτού φεύγοντας εφόνευσε, πολλά δε επ' αυτών επιλήψιμα έγγραφα κατάσχε.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 883
- ↑ 13,0 13,1 „Справка за населението на с. Тополница, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.