Теобалд Годен

(Пренасочено од Тибо Гаудин)

Теобалд Годен (1229? - 16 април 1292) бил Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од август 1291, па сè до својата смрт во 1292 година. Со овој период од 8 месеци, тој бил најкратко на функцијата Голем мајстор.

Грбот на Теобалд Годен

Историјата за Тибо Гаудин со темпларскиот ред е малку мистерионзна. Тој се родил во благородничко семејство во областа Шартр или Блоа, Франција. Тој се пиклучил на витешкиот ред пред 1260 година, бидејќи во таа година бил заробен за време на нападот на Тиберијанците. Неговиот лик е познат и по псевдонимот „Гаудин свештеникот“.

Во 1279 година, Сер Теобалд бил назначен за командант на земјата Ерусалим што била четврта по значење функција во редот на темпларите. Во 1291 година, тој „јавал“ на страната на Гијом де Боже во одбраната на градот Арка којшто бил опседнат од застрашувачката армија на малмучкиот султан Ал-Ашраф Калил. По смртта на Гијом де Боже на 18 мај 1291 година, тој се вратил во гарнизонот во градот придружуван од 500 луѓе. Теобалд Годен и Пјер де Севри, маршал на редот биле единствените темплари коишто останале да ја бранат Арка. Ал-Ашраф Калил испратил неколку писма до нив за да започнат преговорите за опседнување на градот од негова страна или во спротивно им ги навел последиците коишто може да им се случат. Немајќи друг избор, тие ги поштиле во градот коњаниците. При нивното влегување, тие фатиле една Французинка. Мислејќи на измама од жената, Теобалд и Пјер им наредиле на Муслиманите да ја фрлат жената од ѕидините на градот. Истиот ден, Теобалд Годен решил да отплови со богатството на темпларите, а Пјер де Севри ја продолжил борбата. Градот Арка бил заземен веќе наредниот ден.

Теобалд Годен со богатството придружуван од неколку темплари пристигнал во градот Сидон каде што бил избран за нов Голем мајстор и решил да ја продолжи одбранбената битка колку што е можно подолго. Меѓутоа емирот Ал- Шуџа'л пристигнал пред градот од којшто се насетувало неговото пристигнување и уште пред тој да пристигне населението од градот се евакуирало на островот Кипар. Темпларската тврдина во градот била испразнета од населението, а за таа цел на помош им пристигнале и Кипрјаните. На островот Кипар, Теобалд Годен ги подготвувал своите сили, но тие повеќе не ја виделе Светата земја. Градот Сидон бил заземен од Муслиманите на 14 јули 1291. Останатите француски војници кои останале да се борат докрај „паѓале“ еден по еден. Градот Бејрут бил заземен на 21 јули. Територијата на Каифа и Кармелските манастири биле уништени на 30 јули. Во почетокот на август, Франките имале само 2 града за утврдување, а и двата биле опседнати од темпларите. Тортоза бил евакуиран на 3 август, а Кастл- Пелерин на 14 август. Оттогаш, тампларите биле целосно распоредени на островот Кипар во Ро во јужна Тортоза кешто останало во нивни раце до 1303 година.

Во октомври 1291, најголемиот дел од редот се сретнале на островот Кипар. Оваа средба го пшотврдила изборот на Теобалд Годен за нов Голем масјтор на витешкиот ред Темплари, кој оттогаш и офдицијално бил назначен на таа функција. На таа средба биле распоредени и нови темплари во хиерархијата на витешкиот ред, па така за маршпал на редот бил избран Жак де Молеј како наследник на Пјер де Севри којшто јуначки загинал во одбраната на градот Арка. Новиот Голем мајстор Тибо Гаудин извршилч нова организација на редот и ги поставил оновните задачи: да се заштити кралството Ерменија од налетот на Турците Селџуци и да се заштити островот Кипар којшто бил преполн со бегалците од изгубените градови. Но, веќе во месец април 1292 година, Теобалд Годен умрел преголема исцрпеност, па предвидените задачи за кои требало многу работа ,му биле препуштени на неговиот наследник Жак де Молеј.

Претходник
Гијом де Боже
Голем мајстор
1291–1292
Наследник
Жак де Молеј