Санде Трајковски
Санде Наков Трајковски (14 март 1919 во Татомир, Кратовско — 30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиСе занимавал со земјоделство и сточарство и тешко излегувал на крај со своето семејство. Со голем интерес го следел движењето на НОВ, па така во првите денови на септември 1944 година стапил во редовите на НОВ и тоа најнапред во Месната команда во Кратово, а подоцна и во состав на Седумнаесеттатa македонска бригада. Учествувал во борбите што ги водела Бригадата. Како борец се истакнал во многу борби укажувајќи помош и на помладите и недоволно искусни борци. По конечното ослободување на Македонија земал учество и во борбите во околината на Гнилане против балистите. Во една тешка борба, на 30 декември 1944 година, бил смртно погоден од непријателски куршум.[1]