Стое (Лазаров) Иванов Стојановски ( 1914 во Татомир, Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Целиот негов живот, бил проткаен со многу тешкотии и искушенија. Во една сиромашна селска куќичка во селото Татомир основал свое семејство. За да го прехрани многучленото семејство, покрај својата скромна земја одел и аргатувал по туѓи селски поимотни семејства. Желен за слобода го оставил своето семејство и пристапил во единиците на народноослободителната војска на Македонија. Се борел во составот на повеќе единици (во Кратовскиот баталјон и други), за да подоцна се најде во составот на Седумнаесеттатa македонска бригада. По конечното ослободување на Македонија земал учество во борбите во околината на Гнилане против остатоците од балистичките банди. Загинал на 30 декември 1944 година, во една од борбите со балистите. Зад себе оставил четири малолетни деца.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 56.