Коне Стојанов Божиновски (5 април 1914 во Татомир, Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнува од ситно сопственичко земјоделско семејство. Немал можност да се школува, па уште како дете работел како момок во неговото и околните села. Ја почувствувал горчината на експлоатацијата, тешкиот живот и обесправеноста. Иако живеел во село, во контактите со луѓето се интересирал за успесите на НОВ. Ги помагал борците на НОВ, вршејќи курирска должност, пренесувајќи писма и друг материјал. На 15 септември 1944 година активно му пристапил на народноослободителното движење, а потоа ѝ како борец во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Посебно се истакнал во борбите против германските единици во село Страцин, на 22 и 26 октомври 1944 година и во борбите за ослободување на Куманово (10 и 11 ноември) 1944 година. По конечното ослободување на Македонија, во близината на Гнилане, бригадата учествувала во жестока борба против балистите. Оваа борба за Коне била последна, загинал на 30 декември 1944 година не дочекувајќи ја толку посакувната слобода.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 30.