Пиргадикија
Пиргадикија (грчки: Πυργαδίκια) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Пиргадикија бил дел од општина Пиргадкија [2].
Пиргадикија Πυργαδίκια | |
---|---|
Координати: 40°26′N 23°43′E / 40.433° СГШ; 23.717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Аристотел |
Општ. единица | Ревеник |
Надм. вис. | 320 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 377 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиПиргадикија се наоѓа на 25 километри југозападно од градот Ерисово и на 17 километри јужно од Ревеник, во југоисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 320 метри.
Селото било изградено на рид над морето во длабочината на Светогорскиот Залив меѓу полуостровите Ситонија и Атон, кои се гледаат од секоја точка на селото. Од север селото е опкружено со планински ридови. Пиргадикија се наоѓа на растојание од 125 километри источно од Солун.
Местото претставуво туристичко одредиште. Плажите се на неколку километри оддалеченост. Во селото има ресторани во близина на убавото пристанште. Селото се снабдува со свежа риба од рибарите. Освен тоа дел од месните жители изнајмуваат соби за туристите[3].
Историја
уредиВо времето на Византија селото било во сопственост на светогорскиот манастир Дохиар и е споменато во документ од 1057 година. Сегашната населба била основана во 1922 година од бегалци од Афтони, остров во Мраморно Море.
Демографија
уредиСелото според пописот од 1991 година броело 402 жители додека на пописот од 2001 година во селото живееле 331 жител. Денеска, населението на селото е 320 жители според пописот од 2011 година.
Култура
уредиЦрквата во селото е посветена на Рождество Богородично, и како патрон селото го слави денот 8 септември[4].
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ Δήμος Αριστοτέλη
- ↑ „Πυργαδίκια Χαλκιδικής“. pyrgadikia.gr. Посетено на 15 July 2014.