Амолјани
Амолјани или Амулјани (грчки: Αμμουλιανή) — остров и село во Лариговско, Егејска Македонија, денес во општината Аристотел на Халкидичкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото Амолјани брои 529 жители (2011).
Амолјани Αμμουλιανή | |
---|---|
Поглед на Амолјани | |
Координати: 40°19.58′N 23°55.17′E / 40.32633° СГШ; 23.91950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидички |
Општина | Аристотел |
Општ. единица | Стагира-Акант |
Надм. вис. | 5 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 529 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиОстровот се наоѓа во северозападниот крај на Светогорскиот Залив, меѓу вториот и третиот крак на полуостровот Халкидик. Оддалечен е 3 морски милји од пристаништето Трипити на Светогорскиот Полуостров.[2]
Потекло на името
уредиИмето води потекло од македонскиот поим *Молјане од топонимот или хидронимот Мол, изведен од мол-, во подмол, „дупка во брег под водата“. Од овој корен се поимот мил (слично на тиња) и имињата на селата во Вардарска Македонија како Подмол (во Прилепско) и Подмоље (во Охридско). Сето ова укажува на словенското/македонското минато на островот.
Историја
уредиОстровот во минатото бил метох (посед) на еден од светогорските манастири.[3] Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1860 г.[4]
По Балканските војни во 1913 г. островот е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1922 г. тука се доведени грчки доселеници од Мала Азија и островите Мраморното Море — Галими, Пасалимани и Скупија.[2] Во 1928 г. Амолјани е заведено како доселеничко место со 496 жители од 145 семејства.[5]
Во 1940 г. Амолјани имало 613 жители, кои во 1951 г. се намалиле на 536.[3] Во 1961 г. броело 554 лица, а во 1971 г. имало 554 жители, за во 1981 г. да се смалат на 449. На пописот од 1991 г. е забележан пораст на 606 жители, но населението подоцна повторно опаднало, и тоа на 542 во 2001 и 529 во 2011 г.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 613 | 536 | 554 | 445 | 499 | 606 | 542 | 529 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиПокрај рибарството, маслинкарството и овоштарството, населението се занимава со туризам, кој е најдоходовната гранка.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Νήσος Αμμουλιανή“. Δήμος Αριστοτέλη. Посетено на 21 јуни 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 357.
- ↑ „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 7 јуни 2014.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
уреди- Амолјани на Ризницата ?
- Портал на Амолјани (грчки)