Метох Пирг

село на Халкидик, Егејска Македонија

Метох Пирг (грчки: Ουρανούπολη, Урануполи) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Метох Пирг бил дел од општина Стагира-Акант.[2]

Метох Пирг
Ουρανούπολη
Метох Пирг is located in Грција
Метох Пирг
Метох Пирг
Местоположба во областа
Метох Пирг во рамките на Аристотел (општина)
Метох Пирг
Местоположба на Метох Пирг во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°20′N 23°59′E / 40.333° СГШ; 23.983° ИГД / 40.333; 23.983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаСтагира-Акант
Население (2011)[1]
 • Вкупно826
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди
 
Византиска кула .

Метох Пирг се наоѓа на 15 километри југоисточно од градот Ерисово и на 132 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на третиот негов крак. Населбата е излезна точка за верниците кои патуваат до манастирите на полуостровот Атос (Света Гора). Еднаш дневно од Метох Пирг патува траект до пристаништето Дафне.

Историја

уреди

Античка историја

уреди

На 1 километар источно од селото, во приватна сопственост била откриена римска гробница. Сместена е на низок рид во полето, во месноста Кокинохорафо, во близина на патот кој води до манастирот Франгокастро и границата со Света Гора. Во месноста Кокинара постојат остатоци од елинистичата ера. Во овој регион биле откриени монети со натпис ΟΥΡΑΝΙΑΣ ΠΟΛΕΩΣ и ΟΥΡΑΝΙΔΩΝ ΠΟΛΕΩΣ и слика на Уранија Афродита, седната врз топка од едната страна и осумсончево сонце од другата.[3] На средината на границата на Света Гора се наоѓаат урнатините на средновековниот храм „Свети Николај“ од 11 век.[4]

Грција

уреди

Метох Пирг како Урануполи е нова населба која била основана околу постоечката византиска кула на имотот кој припаѓа на блискиот манастир Франгокастро. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Селото првично билло наречено Просфорион. Во 1928 година Просфорион претставуваки бегалско село со 44 бегалски семејства и 153 лица.[5][6]

Византиска кула

уреди

Урануполската кула (Пирг) во минатото претставувала средновековен одбранбен објект. Кулата е најдобро зачуван објект од овој тип на Халкидик и припаѓа на манастирот Ватопед. За првпат се споменува во 1344 година, но се смета дека била изградена порано. Во мај 1379 година деспотот на Солун Јован Палеолог ја ослободил кулата од даночни обврски за време на неговиот престој таму. Зградата е сериозно оштетена од земјотресот во 1585 година. Во август 1858 во кулата, најверојатно изгорена во 1821 година, започнале реконструкции и таа го добила сегашниот изглед. Во 1981 година кулата е прогласена за заштитен споменик на културата.[7]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јули 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Δήμος Αριστοτέλη
  4. „Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων“. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на 2017-03-10.
  5. [archive.is/20120630054150/www.freewebs.com/onoma/eap.htm]
  6. „Δήμος Αριστοτέλη“. Архивирано од изворникот на 2020-02-08. Посетено на 2017-03-10.
  7. „Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων“. Архивирано од изворникот на 2021-06-25. Посетено на 2017-03-10.

Надворешни врски

уреди