Ставрос Ламбринидис
Ставрос Ламбринидис (грчки: Σταύρος Λαμπρινίδης; роден на 6 февруари 1962 во Атина) е грчки политичар и министер за надворешни работи на Грција од 17 јуни до 11 ноември 2011 година.
Ставрос Ламбринидис Σταύρος Λαμπρινίδης | |
---|---|
Министер за надворешни работи | |
На должноста 17 јуни 2011 – 11 ноември 2011 | |
Претседател | Каролос Папуљас |
Претходник | Ставрос Димас |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 февруари 1962 Атина, Грција |
Националност | Грк |
Партија | ПАСОК |
Професија | политичар |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Завршил Правен факултет на „Јејл“. Од јуни 2004 станал европратеник, во април 2005 бил избран за координатор, а од 25 ноември 2009 година станал потпретседател на Европскиот парламент надлежен за меѓународни односи. Ламбринидис е и потпретседател на Европската социјалистичка партија и член на Националниот совет на ПАСОК. Инаку од 1988 до 1993 работел како адвокат во Вашингтон и бил соработник на правниот советник на претседателот Клинтон, Лојд Катлер. Од 1994 до 1996 година бил специјален советник на тогашниот заменик-министер за надворешни работи, а потоа и министер за образование, Јоргос Папандреу. Во 1996 година станал шеф на кабинетот на тогашниот министер за надворешни работи Теодорос Пангалос. До 2004 година останал во грчкото МНР на разни позиции[1].
Тој е поранешен попотпретседател на Европскиот парламент и координатор на европратеничката група на ПАСОК.
Наводи
уреди- ↑ „Грчката криза ги потопи преговорите за името“. Дневник. 17 јуни 2011. Посетено на 2011-06-18.