Список на новинари убиени во Европа
список на статии на Викимедија
Ова е список на новинари убиени во Европа, поделени по земја.
Иако новинарите во Европската Унија (ЕУ) главно работат во добри услови, сепак постојат случаи на убиени новинари а многу од убиствата остануваат неказнети.[1] Овој список вклучува и европски земји кои не се членки на ЕУ, како Турција, Украина и Русија
Азербејџан
уреди- Камерманот Адил Бунјатов кој работел за телевизијата Ројтерс и за новинската агенција Туран бил убиен на 17 март 1995 додека го снимал воениот напад на бунтовничката полициска единица.[2]
- Фоторепортерот Чингиз Мустафајев работејќи за новинската куќа Демократска Русија бил убиен на 15 јуни 1992 година, додека ги снимал борбите меѓу Азербејџанците и Ерменците во Нагорно Карабах.[3][4]
- Елмар Хусејнов, основач и уредник на опозициското неделно списание Монитор, бил убиен со огнено оружје пред неговата зграда во Баку на 2 март 2005.[5][6]
- Слободниот новинар Рафик Таги кој придонесувал за азербејџанскиот огранок на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (RFE/RL) подлегнал на повредите во болницата во Баку, на 23 ноември 2011 година откако неколку дена претходно, на 19 ноември, бил нападнат и избоден со нож.[7]
- Уредникот на весник Новрузали Мамедов, на сега веќе непостоечкиот талишки малцински весник Талиши Садо, починал во затворската болница на 17 август 2009 година. Институтот за слобода и безбедност на новинарите во Баку за истото ја обвинува власта и нејзината политика на негрижа.[8]
- Расим Алијев, претседател на Институтот за слободата и безбедноста на новинарите бил претепан на 8 август 2015 година. Следниот ден, тој им подлегнал на повредите.[9]
Белорусија
уреди- Дзмитри Завадски исчезнал и веројатно бил убиен на 7 јули 2000. На 14 март 2002 четири лица биле осудени за неговотото киднапирање, но не и за убиство, бидејќи телото никогаш не било пронајдено,[10] и иако извршителите биле осудени, организаторите уште се на слобода.[11] Тој бил прогласен за мртов на 28 ноември 2003 година.[12]
- Алех Бјабенин бил пронајден обесен во неговата викендица во Минск на 3 септември 2010 година, но не било пронајдено писмо за да се потврди самоубиство.[13]
Босна и Херцеговина
уреди25 новинарите биле убиени во Босна и Херцеговина за време на Југословенските војни меѓу 1991 и 1995 година:
Бугарија
уреди- Радио водителот и автор Боби Цанков бил застрелан во центарот на Софија на 5 јануари 2010.[15]
- Викторија Маринова, телевизиска новинарка која ја објавила истрагата за наводна корупција со фондовите на Европската Унија била убиена во Бугарија во северниот дел на градот Русе. Нејзиното тело било пронајдено на 6 октомври 2018.[16]
Хрватска
уредиДвајца новинари биле убиени во Хрватска од 1991-1995 при војната во Југославија:
- Хрватскиот фотограф и снимател Гордан Ледерер бил убиен од страна на српски снајперист во Хрватска Костајница на 9 август 1991 година, за време на Хрватската Војна за Независност.[17]
- Хрватскиот новинар Синиша Главашевиќ бил претепан и убиен од страна на српските паравоени сили, заедно со стотици други меѓу 18-20 ноември 1991 година, за време на Битката кај Вуковар.[18]
Кипар
уреди- Кипарско турскиот новинар Кутлу Адали бил убиен пред неговиот дом во Никозија на 6 јули 1996. Турската одмаздничка бригада ја презела одговорноста,[19] но никој не бил осуден, и според неговата вдовица доказите биле избришани и не била спроведена истрага.[20]
Данска
уреди- Шведската слободна новинарка Ким Вол била убиена од страна на претприемачот Петар Мадсен на неговата подморница UC3 Nautilus. Тој бил осуден на доживотен затвор.[21]
Франција
уреди- 9 од 12-те жртви на Пукањето во Шарли Ебдо на 7 јануари 2015 година биле новинари: Жан Mорис Жил Каби (Каби), Елза Каја, Стефан Шарбоње (Шарб), Филип Оноре, Бернар Марис, Мустафа Урад, Мишел Рено, Бернар Верлак (Тињус) и Жорж Волински.[22] Филип Лансон, Фабрис Николино и Лорен "Рис" Сурисо биле ранети.
- Гијом Б. Дешерф музички новинар за Инрокиптибл (франц. Inrockuptibles), бил убиен во нападите од ноември 2015 на театарот Батаклан.[23]
Грција
уредиИрска
уреди- Криминалната репортерка Вероника Герин била убиена од страна на господарите на дрогата на 26 јуни 1996 година.[26]
Италија
уреди11 новинари биле убиени во Италија од страна на мафиите или терористичките организации:[27]
- Козимо Кристина, убиен од страна на Сицилијанската мафија на 5 мај 1960.
- Мауро Де Мауро исчезнал на 16 септември 1970 и неговото тело никогаш не било пронајдено.
- Џовани Спампинато, убиен од мафијата на 27 октомври 1972 година.
- Карло Казалењо, убиен од страна на Црвените Бригади на 29 ноември 1977 година.
- Пепино Импастато, убиен од страна на мафијата на 9 мај 1978.
- Марио Франчезе, убиен од страна на мафијата на 26 јануари 1979.
- Валтер Тобаги, убиен од страна на Бригата XXVIII марцо (терористичка организација на екстремната левица) на 28 мај 1980 година.
- Џузепе Фава, убиен од страна на мафијата на 5 јануари 1984.
- Џанкарло Сиани, убиен од страна на Камора на 23 септември 1985.
- Мауро Ростањо, убиен од страна на мафијата на 26 септември 1988 година.
- Бепе Алфано, убиен од страна на мафијата на 8 јануари 1993 година.
Косово
уреди- За време и после Косовската Војна најмалку седум српски новинари исчезнале и се верува дека се убиени во Косово.[28]
- На 7 мај 1999 три кинески новинари загинале во Бомбардирањето на Кинеската амбасада во Белград. Американски функционери подоцна, тврделе дека тие биле разузнувачи.[29]
- Двајца германски новинари, Гаврил Гренер и Волкер Кремер, биле убиени на 13 јуни 1999 година, во близина на селото Дуље, од страна на југословенски војници. Кремер умрел веднаш, Гренер умрел подоцна во болница во Тетово, Македонија.
- Новинарот Беким Кастрати бил убиен на 19 октомври 2001 година, додека бил во својот автомобил со двајца други мажи: еден од нив бил исто така убиен а еден бил ранет. Мотивот останал непотврден.[30]
- Бардил Ајети бил убиен со огнено оружје на 3 јуни 2005 година во Косово и умрел во болница во Милано на јуни 28. Никој не бил осуден.
Летонија
уреди- Гундарс Матис починал на 28 ноември 2001 година, од крвавење во мозокот, откако бил нападнат на 15 ноември.[31]
Литванија
уреди- Витас Лингис бил застрелан на 12 октомври 1993.[32]
Македонија
уредиМалта
уреди- Малтешката репортерка Дафне Каруана Галициа била убиена во мафијашки стил со автомобил бомба на 16 октомври 2017.[33] Ова бил прв таков напад во Малта и одамна незабележан во Западна Европа. На 53 години, оваа мајка на три деца била меѓу најистакнатите новинари на островот, особено затоа што се борела за транспарентност и против корупцијата на малтешката политика и општество. Таа си создала круг на непријатели со нејзините истраги и откритија, објавени во весниците каде што работела а воедно и на нејзиниот блог,[34] еден од најпопуларните во земјата, особено во рамки на политиката и бизнисот. Таа пред убиството добивала закани.[35]
Полска
уредиРусија
уредиДесетици или стотици новинари биле убиени во Русија од деведесеттите години наваму.
Србија
уреди- Дада Вујасиновиќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на 8 април 1994 година. Полицијата тоа го водела како самоубиство, но повеќето докази ова го оспоруваат. Од јануари 2009 година наваму, случајот се смета за убиство но никој не бил уапсен.[37]
- Славко Ќурувија бил убиен на 11 април 1999 година во Белград. Во ноември 2013 година била основана Фондацијата на Славко Ќурувија со цел да се зачува неговото наследство и да се унапреди слободата на медиумите во Србија.[38] Судењето е во тек, но според Веран Матиќ, претседател на Комисијата за истрага на убиството на новинари во Србија, Судската комора делува со намера да ги ослободи обвинетите.[39]
- Милан Пантиќ бил убиен на 11 јуни 2001 во Јагодина. Случајот останува нерешен но Комисија предводена од Матиќ собрала нови податоци.[40]
- Новинарот Лука Попов, бил убиен во својот дом во селото Српски Крстур на 16 јуни 2016 година.[41] Неколку дена подоцна, три лица биле уапсени.[42]
Словачка
уреди- На 25 февруари 2018, словачкиот истражен репортер Јан Куцијак, 27, и неговиот партнер биле пронајдени мртви, застрелани во нивниот дом во Велка Мача, западна Словачка. Како репортер за онлајн мрежното место Aktuality.sk[43], Куцијак пишувал за сериозни економски кривични дела и илегални активности, вклучувајќи неколку моќни словачки стопанственици и нивните односи со врвни политичари, Извештаите на ЕУопсервер [44], додаваат дека "Куциак исто така, работел и на приказната што го поврзува помошникот на премиерот Роберт Фико со италијански стопанственик во Словачка. Меѓу многуте даночни измами и јавните скандали за фондовите, тој ги покривали Панамските документи.
Словенија
уреди- Австро-германскиот камерман Никола Фогел бил убиен во бомбашки инцидент на 28 јуни 1991 година за време на десетдневната војна заедно со неговиот германски колега Норберт Вернер.[45]
Шпанија
уредиТурција
уредиОбединето Кралство
уреди- Рос МекВиртер била убиена во Лондон од страна на Привремената ирска републиканска армија на 27 ноември 1975 година.[47]
- Бугарскиот дисидентски писател и новинар за BBC Георги Марков умрел на 11 септември 1978 година откако бил отруен со бугарски чадор.[48]
- Ирскиот истражувачки новинар Мартин О'Хаган бил убиен од страна на Лојалистичката Волонтерска Сила во Северна Ирска на 28 септември 2001 година.[49]
Украина
уредиВидете
уреди- Комитет за Заштита на Новинарите
- Фридом Хаус
- Слободата на медиумите во Европската Унија
- Репортери Без Граници
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Accardo, Gian-Paolo (24 October 2017). „Europe is not so safe for journalists“. VoxEurop/EDJNet. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Adil Bunyatov“ (англиски). Посетено на 2018-09-05.
- ↑ „Chingiz Fuad-ogly Mustafayev“ (англиски). Посетено на 2018-09-05.
- ↑ Mustafayev, Vahid (Autumn 1999). „Documenting the Horrors of Karabakh: Chingiz Mustafayev in Action“. стр. 57–59. Посетено на 2018-09-05.
- ↑ „Investigators name chief suspect in murder of opposition editor - IFEX“. IFEX (англиски). Посетено на 2018-09-05.
- ↑ „Elmar Huseynov“ (англиски). Посетено на 2018-09-05.
- ↑ „Rafiq Tagi“ (англиски). Посетено на 2018-09-05.
- ↑ „Novruzali Mamedov“ (англиски). Посетено на 2018-09-05.
- ↑ „Rasim Aliyev“ (англиски). Посетено на 2018-09-05.
- ↑ „18 Years Since Abduction of Dzmitry Zavadski“. bay.by. 7 July 2018. Архивирано од изворникот на 2019-03-22. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Still no answer: Belarus journalist Dzmitry Zavadski went missing 17 years ago“. belsat.eu. 7 July 2017. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ Суд признал погибшим оператора ОРТ Дмитрия Завадского [Court Rules Dmitry Zavadsky Legally Dead]. Vesti (in Russian).
- ↑ „Suspicions over 'suicide' of Belarus activist Aleh Byabenin“. Index on Censorship. 4 September 2010. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Landmine Kills Two Photographers, Wounds Writer With PM-Yugoslavia“. Associated Press News. 2 March 1994. Посетено на 3 September 2018.
- ↑ „Bulgarian journalist shot dead in Sofia“. DW. 5 January 2018. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Bulgarian broadcast journalist raped and murdered | DW | 07.10.2018“ (англиски). Deutsche Welle. Посетено на 2018-10-08.
- ↑ Lozančić, Branko (10 August 2018). „27th anniversary of Gordan Lederer's death marked“. The Voice of Croatia. Архивирано од изворникот на 2018-08-31. Посетено на 30 August 2018.
- ↑ „Document - Croatia: Amnesty International calls for justice for Sinisa Glavasevic and other victims of unlawful execution in Vukovar“. Архивирано од изворникот на 7 December 2014. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ „Kutlu Adali“. Посетено на 30 August 2018.
- ↑ Jones, Derek (2001). Censorship: A World Encyclopedia. Routledge.
- ↑ „Kim Wall: What we know about Danish submarine death“. BBC News. 25 April 2018. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ Martinez, Michael; Debucquoy-Dodley, Dominique; Sanchez, Ray (11 January 2015). „Vignettes: More about the 17 killed in French terror attacks“. CNN. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ Brown, Harley (14 November 2015). „French Music Journalist Guillaume B. Decherf Killed in the Paris Attacks“. SPIN. Посетено на 28 August 2018.
- ↑ „Journalist Sokratis Giolias gunned down in Greece“. BBC News. 19 July 2010. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ Dimitrova, Svetla (24 November 2014). „Nine out of 10 cases of journalists' murders go unpunished“. Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ Fincham, Kelly (26 June 2018). „Remembering the day fearless Irish journalist Veronica Guerin was murdered“. IrishCentral.com. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ Giornata della memoria dei giornalisti uccisi da mafie e terrorismo. Roma: Unione Nazionale Cronisti Italiani. 3 May 2008. Архивирано од изворникот на 2018-09-04. Посетено на 4 September 2018.
- ↑ „UNS demands investigation into missing and murdered journalists in Kosovo“. 15 January 2015. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ Myers, Steven Lee (17 April 2000). „Chinese Embassy Bombing: A Wide Net of Blame“. The New York Times. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ „Bekim Kastrati“. Committee to Protect Journalists. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Gundars Matiss“. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Vitas Lingis“. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Something is rotten at the core of the State“. The Times of Malta/VoxEurope. 18 October 2017. Посетено на 28 August 2018.
- ↑ „Daphne Caruana Galizia's Notebook“. Посетено на 28 August 2018.
- ↑ Borg, Bertrand (16 October 2017). „Daphne Caruana Galizia killed in Bidnija car blast“. Times of Malta. Посетено на 28 August 2018.
- ↑ „Łukasz Masiak“. Committee to Protect Journalists. Архивирано од изворникот на 2018-08-31. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ „Seemo: after 20 years no arrest for the murder of Dada Vujasinovic“. Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa. 8 April 2014. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ Bona, Marzia (10 November 2015). „Cenzolovka, in memory of Slavko Ćuruvija“. Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Serbia: "The court shows a clear intention to release those accused of murdering journalist Ćuruvija"“. Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa. 3 July 2018. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Veran Matić: fighting impunity“. Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa. 23 January 2015. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Serbian authorities must investigate the murder of Luka Popov“. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „OSCE Representative welcomes arrests following murder of journalist in Serbia, praises police swift action“. 20 June 2016. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „Aktuality.sk“. Посетено на 28 August 2018.
- ↑ Virostkova, Lucia (27 February 2018). „Journalist murder shocks Slovakia“. Euobserver. Посетено на 28 August 2018.
- ↑ „Nick Vogel“. Newseum. Архивирано од изворникот на 1 July 2002. Посетено на 3 September 2018.
- ↑ de la Serna, Victor (10 May 2000). „José Luis López de Lacalle“. The Guardian. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ „1975: TV presenter Ross McWhirter shot dead“. BBC News. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ „The BBC journalist assassinated with a poison-tipped umbrella“. BBC News. 21 September 2016. Посетено на 29 August 2018.
- ↑ Cusack, Jim (1 October 2001). „Obituary: Martin O'Hagan“. The Guardian. Посетено на 31 August 2018.