Милан Пантиќ
Милан Пантиќ (18 декември 1954 – 11 јуни 2001) бил српски новинар убиен од непознати сторители на 11 јуни 2001 во Јагодина.
Милан Пантиќ | |
---|---|
Податотека:Milan Pantić.jpg | |
Роден(а) | декември 18, 1954 Драгово |
Починал(а) | јуни 11, 2001 Јагодина | (возр. 46)
Националност | Српско |
Занимање | новинар |
Животопис
уредиПантиќ работел како новинар за Вечерње новости, главно известувајќи за криминал и судски процеси во Јагодина. За написите коишто ги пишувал добивал телефонски закани.[1][2]
Смрт
уредиМилан Пантиќ бил убиен на 11 јуни 2001 година пред 8 часот изутрина во близина на влезот на зградата на неговиот стан од страна на непознати напаѓачи, кои го нападнале со тап предмет. Тој бил излезен до продавница да купи леб.[1][2] Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа го осудила убиството барајќи од српските и југословенските власти да ги идентификуваат и да ги казнат сторителите.[3] Во 2014 Станко Којиќ (кој во 2013 бил осуден на 32 години затвор за геноцидот во Сребреница) бил викнат на распит за убиството.[4] Во 2016 случајот уште не бил расветлен а Дуња Мијатовиќ, претставничка за слободата на медиумите при ОБСЕ ги повикала српските власти да ги зголемат напорите за наоѓање и казнување на убијците.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Journalist Milan Pantic killed“. Blic Online. Jagodina. 2001-06-12. Посетено на 2016-11-21.
- ↑ 2,0 2,1 „Milan Pantic - Journalists Killed“. Committee to Protect Journalists. Посетено на 2016-11-21.
- ↑ „Murder of Milan Pantic - Yugoslavia“. SEEMO. Архивирано од изворникот на 2016-07-31. Посетено на 2016-11-21.
- ↑ „Sarajevo: Suspect questioned over murder of journalist Milan Pantic“. InSerbia News. 2014-03-27. Архивирано од изворникот на 2017-01-06. Посетено на 2016-11-21.
- ↑ „On 15th anniversary of killing Milan Pantić, OSCE Representative urges authorities in Serbia to intensify efforts to solve murders of journalists“. OSCE. 2016-06-11. Посетено на 2016-11-21.