Спилио
Спилио или Спиљо (грчки: Σπήλαιο, Спилео) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 187 жители (2011).
Спилио Σπήλαιο | |
---|---|
Плоштад во селото | |
Координати: 40°1′N 21°17′E / 40.017° СГШ; 21.283° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Теодорос Зјакас |
Надм. вис. | 900 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 187 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е оддалечено околу 25 км југозападно од градот Гребен, на источните падини на планината Пинд, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 900 м.[2] Во непосредна близина на селото е сместен Портички мост.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Спилио било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Спилио живееле 409 Грци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спилеон се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 79 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Спилио живееле 600 Грци христијани.[5]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 717 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 657.[2]
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 837 | 561 | 562 | 454 | 531 | 422 | 447 | 187 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 33 квадратни километри. Општината Спилио била приклучена во општината Теодорос Зјакас во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Спилио, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уредиАрхеолошки наоѓалишта
- Спилиска тврдина — крепост од античко и византиско време
Мостови
- Љатички мост — стар мост кај селото, прогласен за споменик на културата
- Портички мост — стар мост кај селото, прогласен за споменик на културата
Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1804 година;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1633 година, поранешна манастирска црква.
Личности
уредиРодени во Спилио
- Адамантос Манос (1862 - 1908) — грчки андартски капетан
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 130–131.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-21.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.