Љатички мост
Љатички мост (грчки: Γεφύρι Λιάτισσας), Спилиски мост (Γεφύρι Σπηλαίου) или Ајдучки мост (Γεφύρι του Κλέφτη) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1]
Љатички мост Γεφύρι Λιάτισσας | |
---|---|
Координати | 40°0′29″N 21°17′37″E / 40.00806° СГШ; 21.29361° ИГД |
Преминува | Велонија |
Место | Спилио, Гребенско, Егејска Македонија |
Зашт. статус | споменик на културата |
Претходен | Кацојанев мост |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 10 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | 1800 |
Местоположба | |
Мостот ја преминува реката Велонија пред нејзината утока во Венетик откако ќе ја помине клисурата Портица. Се наоѓа на неколку километри североисточно од гребенското село Спилио и го поврзува со селата Рјахово, Пелеохор и Козмат. Има еден лак со распон од 10 м. Според едно предание, изграден е од ајдук по име Љатистас, кој бегајќи од Турците ја прескокнал реката, претходно зарекувајќи се дека ако успее, тука ќе изгради мост.[2] Според друго предание, името потекнува од албанскиот збор љатиса, што значи леска, поради тоа што околината е обрасната со такви дрва.[3] Изграден е околу 1800 г.[1]
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 3. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|year=
(help) - ↑ „архивска копија“. goGrevena.com. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 1 мај 2014. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ „Γεφύρι Λιάτισσας (Σπηλαίου ή Του Κλέφτη)“. Περιφερειακη Ενοτητα Γρεβενων. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 1 мај 2014.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 2022-03-30. Занемарен непознатиот параметар
|acccess-date=
(help)