Портички мост (грчки: Γεφύρι Πορτίτσας) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1]

Портички мост
Γεφύρι Πορτίτσας
Поглед на мостот
Координати39°59′46.1″N 21°17′7.3″E / 39.996139° СГШ; 21.285361° ИГД / 39.996139; 21.285361
ПреминуваВенетик
МестоСпилио, Гребенско, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
ПретходенМацанганов мост
СледенЗаловски мост
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина34 м
Ширина2,7 м
Висина7,8 м
Најдолг распон13,8 м
5 м (помалиот)
Распони2
Историја
Завршен1743
Местоположба
Карта

Мостот ја преминува реката Венетик, на 45 км југозападно од градот Гребен. Ги поврзува селата Спилио и Монахит, на источните возвишенија на Пинд. Сместен е на крајот на долината Канави, точно пред почетокот на впечатливата клисура Портица. Изграден е во 1743 г. со средства собрани од манастирот „Успение на пресв. Богородица“. Има два лака, од кои поголемиот има распон од 13,8 м, а помалиот од 5 м. Вкупната должина на мостот изнесува 34 м, широк е 2,7 м, а висок 7,8 м.[2][3]

Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[4]

Наводи

уреди
  1. „Γεφύρι Της Πορτίτσας“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 8 ноември 2019.
  2. „Το γεφύρι της Πορτίτσας“. Ειναι (α)δυνατον!. Посетено на 1 мај 2014.
  3. „Γεφύρι Πορτίτσας (Σπηλαίου)“. goGrevena.com. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 1 мај 2014.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 20 јануари 2015.

Надворешни врски

уреди