Ешерсхаузен (германски: Eschershausen) — мал град во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри североисточно од Холцминден и 50 километри јужно од Хановер.

Ешерсхаузен
Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Ешерсхаузен
Ешерсхаузен во рамките на Германија
Ешерсхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Холцминден
Општ. заед. Ешерсхаузен-Штатолдендорф
Градски единици 3
Градоначалник Конрад Еделман (ДХС)
Основни податоци
Површина 23,87 км2
Надм. височина 199 м
Население 3.461 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 145 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HOL
Пошт. бр. 37632
Повик. бр. 05534
Портал www.webcss.de
Местоположба на градот Ешерсхаузен во рамките на округот Холцминден
Карта
Карта
Координати 51°55′0″N 9°39′0″E / 51.91667° СГШ; 9.65000° ИГД / 51.91667; 9.65000

Градот претставувал административно седиште на поранешната истоимена општинска заедница.

Географија уреди

Местоположба уреди

Ешерсхаузен е опкружен од ридските масиви Ит, Фоглер, Хилс, Хомбургвалд и Елфас, сместен во рамките на Везерското Средногорје. Низ него тече реката Лене, која се влева во Везер кај Боденвердер.

Соседни општини уреди

Подрачјето на градот Ешерсхаузен се граничи на североисток со општината Холцен, на исток со слободните области Ешерсхаузен и Ајмен, на југоисток со општината Лене, на југ со градот Штатолдендорф, на југозапад со општината Холенберг, на запад со општината Кирхбрак и на северозапад со општината Лирдисен.

Градски единици уреди

Покрај самиот град Ешерсхаузен, кон него припаѓаат Шарфолдендорф и Викензен.

Личности уреди

Почесни граѓани уреди

  • Вилхелм Рабе (1831-1910) — германски писател (поч. граѓ. од 1901 г.)
  • Ханс Шајберт (1887-1969) — основач на фабрика за чамци (поч. граѓ. од 1967 г.)

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди