Ајмен (слободна област)

Ајмен (германски: Eimen) — слободна област во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседната општина Ајмен. Областа целосно се наоѓа на ридовите Хилс.

Местоположбата на областа во округот Холцминден

Има површина од 12,91 км2[1] и се граничи со слободната област Гриненплан на север, со слободната област Венцен на север и на исток, со општината Ајмен на југ и со градот Ешерсхаузен и со слободната област Ешерсхаузен на запад во истиот округ.

Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 502.[1]

Наводи

уреди