Спартак
Спартак (грчки: Σπάρτακος; латински: Spartacus ; околу 111–71 п.н.е.) бил тракиски гладијатор кој бил еден од избеганите водачи на робови во Третото робовско востание - големо востание на робови против Римската Република. Освен за настаните од востанието многу малку се знае за него, а сочуваните историски документи понекогаш се контрадикторни. Сите извори наведуваат дека бил поранешен гладијатор и успешен војсководец.
Спартак | |
---|---|
Смртта на Спартак од Херман Фогел (1882) | |
Починал | 71 година п.н.е (возраст 39–40) Во близина на реката Селе во Луканија, Италија[1] |
Служба | 73–71 п.н.е. |
Заповедал со | Бунтовничка робовска војска |
Битки/војни | Трето робовско востание |
Потекло
уредиПлутарх го опишува Спартак како „Тракиец од номадско потекло“,[2] и се претпоставува дека тоа се однесува на племето Маиди.[3] Апијан вели дека бил „тракиец по раѓање, кој служел како војник кај Римјаните, но потоа бил затвореник и продаден како гладијатор“.[4]
Флориј го опишува како „тракискиот платеник кој станал римски војник, кој дезертирал и станал роб, а потоа, поради неговата сила, гладијатор“.[5] Авторите го наведуваат тракиското племе Маиди,[6][7][8] кое го населувало подрачјето на југозападниот дел од Тракија, долж границата со римската провинција Македонија – денешна југозападна Бугарија.[9] Плутарх, исто така, пишува дека сопругата на Спартак, пророчица од племето Маиди, била поробена заедно со него.
Поробување и бегство
уредиСпоред различните извори и нивното толкување, Спартак бил заробен од легиите. Спартак бил обучен во гладијаторското училиште (лудус) во близина на Капуа. Тој бил гладијатор во тешка категорија наречени мурмили. Овие борци носеле голем долгнавест штит (scutum) и користеле меч со широко сечило (гладиус), долг околу 45 см.[8] Во 73 п.н.е., Спартак бил меѓу групата гладијатори кои планирале бегство.[10]
Околу 70 [11] робови биле дел од заговорот. Иако малкубројни, заплениле кујнски прибор, успеале да побегнат од училиштето и заплениле неколку вагони со гладијаторско оружје и оклопи.[10] Избеганите робови ги поразиле војниците испратени по нив, го ограбиле регионот околу Капуа, во своите редови регрутирале многу други робови и конечно се повлекле во поодбранлива позиција на планината Везув.[12][13]
Откако се ослободиле, избеганите гладијатори ги избрале Спартак и двајца галски робови - Крикс и Ономеј - за свои водачи.
Трето робовско востание
уредиОдговорот на Римјаните задоцнил затоа што римските легии биле ангажирани во борбата против бунтот во Хиспанија и Третата Митридатска војна. Рим испратил милиција под команда на преторот Гај Клавдиј Глабер, кој го опколил логорот на Спартак на планината Везув, со надеж дека ќе се предаде поради глад. Римјаните биле изненадени кога Спартак со своите луѓе употребиле јажиња направени од винова лоза за да се спуштат по стрмната страна од вулканот и го нападнале неутврдениот римски логор одзади, убивајќи го најголемиот дел од милицијата.[14]
Бунтовниците ја поразиле и втората експедиција пратена против нив, и за малку ќе го заробеле командантот, и ги убиле неговите поручници и ја заплениле нивната воената опрема. По овие успеси, сè повеќе робови се приклучувале кон Спартак, но и многу овчари и сточари од регионот, така што бројот на востаниците достигнал околу 70.000.
Спартак се покажал како одличен тактичар, што укажува на тоа дека можеби имал претходно воено искуство. Иако бунтовниците немале воена обука, тие вешто ги користеле материјалите кои им биле на располагање и имале необични тактики против дисциплинираната римска војска.[15] Зимата 73–72 год. п.н.е. ја поминале во обука, вооружување и опремување на новите регрути и почнале да ги напаѓаат и градовите Нола, Нучерија, Тури и Метапонтум.[16]
Пролетта 72 п.н.е., бунтовниците ги напуштиле зимските логори и тргнале на север. Истовремено, Римскиот Сенат, вознемирен од поразот на преторијанските сили, испратил две конзуларни легии. Двете легии биле успешни на почетокот - во близина на планината Гарган ја поразиле групата од 30.000 бунтовници командувани од Крикс - но потоа биле поразени од Спартак. Овие порази на различен начин се прикажани во двете најсеопфатни (зачувани) записи од востанието од Апијан и Плутарх.[17][18]
Вознемирени од заканата од робовите, Сенатот го назначил Марк Лициниј Крас, најбогатиот човек во Рим и единствениот доброволец за таа позиција, да го задуши бунтот. На Крас му биле доделени осум легии, кои броеле над 40.000 обучени римски војници;[19] Крас вовел остра дисциплина, повторно воведувајќи ја казната „ децимација “, во која една десетина од војниците биле убиени за останатите војници повеќе да се плашат од него отколку од непријателот.[19] Откако Спартак со своите следбеници, од нејасни причини се повлекле на југот на Италија, на почетокот од 71 г. п.н.е. се вратиле на север. Крас во меѓувреме распоредил шест од неговите легии на границите на регионот, а на својот легат Мумиј му дал две легии да маневрира зад Спартак. Иако му било наредено да не ги напаѓа бунтовниците, Мумиј нападнал во навидум погоден момент, но бил разбиен. По ова, легиите на Крас победиле во неколку битки, принудувајќи го Спартак преку Луканија да оди на југ. Кон крајот на 71 година п.н.е., Спартак се утврдил во Региум (Реџо Калабрија), во близина на Месинскиот Проток.
Според Плутарх, Спартак се договорил со килиски пирати да го пренесат со околу 2.000 свои луѓе на Сицилија, каде што сакал да поттикне бунт на робовите и така да добие засилување. Меѓутоа, бил изневерен од пиратите, кои му наплатиле, а потоа си заминале.[20] Силите на Спартак потоа се повлекле кон Региум. Таму пристигнале легиите на Крас и изградиле утврдувања. Бунтовниците биле под опсада и отсечени од своите резерви.[21]
Тогаш, легиите на Помпеј се вратиле од Хиспанија и добиле наредба од Сенатот да се упатат кон југ за да му помогнат на Крас.[22] Крас се плашел дека учеството на Помпеј ќе му ја одземе заслугата за поразот на Спартак. Откако дознал за Помпеј, Спартак се обидел да склучи примирје со Крас.[23] Откако Крас одбил, Спартак и неговата војска ги пробиле римските утврдувања и се упатиле кон Брундузиум, а легиите на Крас ги гонеле.[24]
Кога легиите заробиле дел од бунтовниците одвоени од главната војска,[25] настапила недисциплина меѓу силите на Спартак.[26] Спартак со сета своја војска ги нападнал легиите и бунтовниците биле целосно разбиени, а многумина од нив биле убиени на бојното поле.[27]
Плутарх, Апијан и Флор тврдат дека Спартак умрел за време на битката, но Апијан исто така известува дека неговото тело не било пронајдено.[28] Шест илјади преживеани бунтовници кои биле заробени од легиите на Крас, биле распнати на крст, долж Вија Апија од Рим до Капуа.[29]
Оставина и признание
уредиТусен Лувертур, водач на бунтот на робовите во кој се избориле за независност на Хаити, бил наречен „Црниот Спартак“.[30][31]
Адам Вајшаупт, основач на баварските илуминати, честопати во писмените преписки себеси се нарекувал Спартак.[32]
Во комунизмот
уредиСпартак бил икона за комунистите и социјалистите. Карл Маркс го навел Спартак како еден од неговите херои и го опишал како „најпрекрасниот другар во целокупната античка историја“ и „голем генерал, благороден карактер, вистински претставник на античкиот пролетаријат “.[33] Спартак бил инспирација за левичарските револуционери, особено германската Спартакова лига (1915–1818), претходник на Комунистичката партија на Германија.[34] Востанието на германските комунисти од јануари 1919 година било наречено Спартацистичко востание.[31]
Во спортот
уредиНеколку спортски клубови ширум светот, особено во поранешниот советски и комунистички блок го носат името на римскиот гладијатор.
Во Русија
уреди- ФК Спартак Москва, фудбалски клуб
- Спартак Санкт Петербург, кошаркарски тим
- Тениски клуб Спартак, тениски тренинг објект
- ЖКК Спартак Москва, женски кошаркарски тим
Во Украина
уреди- ФК Спартак Суми, фудбалски клуб
- Спартак Ивано-Франковск, фудбалски тим
- Закарпатија Ужхород, фудбалски клуб, порано познат како Спартак Ужхород
- Спартак Лвов
- Спартак Киев
- Спартак Одеса, фудбалски тим кој се натпреварувал во советската воена лига во 1941 година
- Спартак Харков, фудбалски тим кој се натпреварувал во советската воена лига во 1941 година
Во Бугарија
уреди- ПФЦ Спартак Варна, фудбалски тим
- ПФЦ Спартак Плевен, фудбалска екипа
- ФК Спартак Пловдив, фудбалска екипа
- Спартак Софија, поранешен фудбалски тим
Во Србија
уреди- ФК Спартак Суботица, фудбалски тим
Во Словачка
уреди- ФК Спартак Трнава, фудбалска екипа
- ФК Спартак Врабле, фудбалски тим
- ФК Спартак Бановце над Бебраво, фудбалски тим
Во други земји
уреди- Стадион Спартак (појаснување)
- Барнт Грин Спартак ФК, англиски фудбалски тим
- Спартак (Капо Верде), фудбалски тим од Зеленортските Острови
- ФК Спартак Семеј, казахстански фудбалски тим
Во популарната култура
уредиФилм
уреди- Спартак (1960), со Кирк Даглас во главната улога, заснован на романот Спартак од Хауард Фаст, и во режија на Стенли Кјубрик. Фразата "Јас сум Спартак!" од овој филм се наведува во многу други филмови, телевизиски програми и реклами.
Музика
уреди- „Спартаковата увертира“ од композиторот Камил Сен-Санс во 1863 година.
- „Љубовната тематика од Спартак“ бил хит на композиторот Алекс Норт и станал џез стандард .
- Спартак (1954, првпат поставен во 1956 година) е балет, со партитура на ерменскиот композитор Арам Хачатурјан.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Plutarch, Crassus, 11:4–7 Архивирано на 10 април 2020 г.
- ↑ „Plutarch, Crassus 8“. Архивирано од изворникот на 10 April 2020. Посетено на 26 November 2006.
- ↑ Nic Fields (2009). Spartacus and the Slave War 73–71 BC: A Gladiator Rebels Against Rome. Osprey Publishing. стр. 28. ISBN 978-1-84603-353-7.
- ↑ Appian, Civil Wars 1.116 Архивирано на {{{2}}}.
- ↑ Florus, Epitome of Roman History 2.8.8
- ↑ Sallust (1994). The histories. Vol.2, Books iii–v. Преведено од McGushin, Patrick. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0198721437.
- ↑ Annuaire de l'Université de Sofia, Faculté d'histoire, Volume 77, Issue 2, 1985, p. 122. 1985. Посетено на 24 February 2013.
- ↑ 8,0 8,1 Strauss 2009
- ↑ John Boardman; I. E. S. Edwards, N. G. L. Hammond and E. Sollberger, уред. (1982). The Cambridge Ancient History (PDF) (2. изд.). Cambridge University Press. doi:10.1017/CHOL9780521224963. ISBN 978-0521224963.
- ↑ 10,0 10,1 Plutarch, Crassus, 8:1–2 Архивирано на {{{2}}}.; Appian, Civil Wars, 1:116 Архивирано на {{{2}}}.; Livy, Periochae, 95:2 Архивирано на {{{2}}}.; Florus, Epitome, 2.8. Plutarch claims 78 escaped, Livy claims 74, Appian "about seventy", and Florus says "thirty or rather more men". "Choppers and spits" is from Life of Crassus.
- ↑ However, according to Cicero (Ad Atticum VI, ii, 8) at the beginning his followers were much less than 50.
- ↑ Plutarch, Crassus, 9:1 Архивирано на 10 април 2020 г..
- ↑ Appian, Civil Wars, 1:116 Архивирано на 3 јуни 2020 г.; Florus, Epitome, 2.8.
- ↑ Plutarch, Crassus, 9:1–3 Архивирано на 17 ноември 2020 г.; Frontinus, Stratagems, Book I, 5:20–22; Appian, Civil Wars, 1:116 Архивирано на 3 јуни 2020 г.; Broughton, Magistrates of the Roman Republic, p. 109.
- ↑ Frontinus, Stratagems, Book I, 5:20–22 and Book VII:6.
- ↑ Florus, Epitome, 2.8.
- ↑ „Spartacus and the Slave Rebellion“. Historynet.com. 31 July 2006. Архивирано од изворникот на 7 August 2011. Посетено на 24 February 2013.
- ↑ Shaw, Brent D. (2001). Spartacus and the servile wars: a brief history with documents. Palgrave Macmillan. ISBN 978-0-312-23703-5.
- ↑ 19,0 19,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеapp_1_118
. - ↑ Plutarch, Crassus, 10:1–3 [{{{1}}} Архивирано] на 10 април 2020 г..
- ↑ Plutarch, Crassus, 10:4–5 [{{{1}}} Архивирано] на 10 април 2020 г..
- ↑ Contrast Plutarch, Crassus, 11:2 Архивирано на 10 април 2020 г. with Appian, Civil Wars, 1:119 Архивирано на 3 јуни 2020 г..
- ↑ Appian, Civil Wars, 1:120 Архивирано на 3 јуни 2020 г..
- ↑ Appian, Civil Wars, 1:120 Архивирано на 3 јуни 2020 г.; Plutarch, Crassus, 10:6 Архивирано на 10 април 2020 г..
- ↑ Plutarch, Crassus, 11:3 Архивирано на 10 април 2020 г.; Livy, Periochae, 97:1 Архивирано на 19 јули 2017 г.. Bradley, Slavery and Rebellion. p. 97; Plutarch, Crassus, 11:4 Архивирано на 10 април 2020 г..
- ↑ Plutarch, Crassus, 11:5 Архивирано на 10 април 2020 г.;.
- ↑ Appian, Civil Wars, 1:120 Архивирано на 3 јуни 2020 г.; Plutarch, Crassus, 11:6–7 Архивирано на 10 април 2020 г.; Livy, Periochae, 97.1 Архивирано на 19 јули 2017 г..
- ↑ Appian, Civil Wars, 1:120 Архивирано на 3 јуни 2020 г.; Florus, Epitome, 2.8.
- ↑ Appian, Civil Wars, 1.120 Архивирано на 3 јуни 2020 г..
- ↑ Thomson, Ian (31 January 2004). „The black Spartacus“. The Guardian.
Patrick Leigh Fermor hailed L'Ouverture as the "black Spartacus" after the slave who challenged Rome...
- ↑ 31,0 31,1 Diken, Bulent (2012). Revolt, Revolution, Critique: The Paradox of Society. Routledge. стр. 61. ISBN 978-1134005642.
...like the 'black Spartacus' Toussaint–Louverture, the leader of the insurgent black slaves who escaped from plantations and defeated the Napoleonic forces in Haiti in 1796–1804, or like the 'Spartacist' leaders of the communist revolt in Germany in 1919.
- ↑ Douglas Reed (1978). The controversy of Zion. Dolphin Press. стр. 139. ISBN 9780620041331.
- ↑ de Ste. Croix, G. E. M. (1989). The Class Struggle in the Ancient Greek World. Ithaca, N.Y.: Cornell University Press. стр. 25]. ISBN 978-0801495977.
- ↑ Fowkes, Ben (2014). The German Left and the Weimar Republic: A Selection of Documents. Brill. стр. 71. ISBN 978-9004271081.
Библиографија
уредиКласични автори
уреди- Апијан . Граѓански војни . (Harmondsworth: Penguin Books, 1996)
- Флор. Класичен пример на римската историја . (Лондон: В. Хајнеман, 1947)
- Оросиј . Седумте книги од историјата против паганите. (Вашингтон, ДЦ: Католички универзитет на Америка Прес, 1964).
- Плутарх: Падот на Римската Република (London: Penguin Books, 1972), со посебен акцент ставен на „Животот на Крас“ и „Животот на Помпеј“.
- Салустиј: Заговор на Катилина и војна на Југурта . (Лондон: Констабл, 1924)
Современа историографија
уреди- Бредли, Кит Р. Ропство и бунт во римскиот свет, 140 п.н.е.–70 п.н.е. Блумингтон; Индијанаполис: Indiana University Press, 1989 година (тврд повез,ISBN 0-253-31259-0 ); 1998 година (мекер,ISBN 0-253-21169-7 ). [Поглавје V] Војната на робовите на Спартак, стр. 83–101.
- Рубинсон, Волфганг Зеев. Востанието на Спартак и советското историско пишување . Oxford: Oxbow Books, 1987 година (мекер,ISBN 0-9511243-1-5 ).
- Спартак: Филм и историја, уредена од Мартин М. Винклер. Oxford: Blackwell Publishers, 2007 година (тврд повез,ISBN 1-4051-3180-2 ; мека,ISBN 1-4051-3181-0 ).
- Троу, МЈ Спартак: Митот и човекот . Stroud, Обединетото Кралство: Sutton Publishing, 2006 година (тврд повез,ISBN 0-7509-3907-9 ).
- Генер, Мајкл. „Спартак. Eine Gegengeschichte des Altertums nach den Legenden der Zigeuner“. Два тома. Мек мек. Trikont Verlag, Минхен 1979/1980. Том 1ISBN 978-3-88167-053-1 Том 2ISBN 978-3-88167-060-9
- Пламен Павлов, Станимир Димитров, Спартак – синит на дренва Тракија / Спартак – Синот на античка Тракија . Софија, 2009 година,ISBN 978-954-378-024-2
- 978-1-4165-3205-7
- Брада, Мери. SPQR Историја на Стариот Рим. Њујорк: Liveright Publishing Corporation, 2015 година,ISBN 978-1-63149-222-8
Надворешни врски
уреди- БиБиСи Радио 4 – Во наше време – Спартак
- Спартак Архивирано на 17 мај 2016 г. целосен текст на римските и грчките извори.
- Спартак, филм со Кирк Даглас и Сер Питер Устинов во главните улоги
- Спартак, телевизиска мини-серија со Горан Вишњиќ и Алан Бејтс во главните улоги
- Мини-серијал Starz емитуван во 2010 година