Апијан (II век од нашата ера) ― римски историчар од Александрија. Го напишал делото „Римска историја“ во 24 книги. До денес во целост се зачувани предговорот и единаесет книги, а во фрагменти четири книги. Дава податоци за историите на поедини народи и земји до нивното паѓање под римска власт. Известува за римско-македонските војни, за освојувањето на Македонија од страна на Рим и за односите на Рим со последните македонски владетели.[1]

Апијан (Александриски)
Роден ~95 година
Александрија, Египет
Починал ~165
Рим
Занимање Историчар

Апијан, во своите дела ги наведува Македонците и Елините како два посебни ентитета, а тоа се гледа низ повеќе негови написи:[2]

Appian: Historia Romana. Печатена во Венеција 1477 од Ерхард Ратдолт

„...Некои илирски племиња, а посебно Скордизите, Медите и Дарданците повторно заеднички ги нападнаа Македонија и Грција, при што ограбија многу храмови, вклучително и храмот во Делфи.“

—Илирските војни

„Овде почнале неговите (на Антиох Трети, з.м.) отворени недоразбирања со Римјаните затоа што како што одел кон грчките градови повеќето од нив му се приклонувале и ја примале неговата војска бидејќи се плашеле дека ќе бидат окупирани. Но жителите на Смирна и Лампсак, како и некои други што се спротивставиле, испратиле свои амбасадори кај Фламиниј, римски генерал што претходно го порази Филип Петти Македонски во голема битка во Тесалија. Работите меѓу Македонците и Грците биле тесно поврзани во одделни времиња и места, како што прикажав во мојата „Грчка историја’“.

—Елинска историја

„Во оваа книга посветена на сириската историја јас раскажав како Римјаните дојдоа во посед на Сирија и како ја доведоа до состојбата во која денес се наоѓа. Не е лошо да кажеме нешто и за тоа како Македонците, кои владееја со Сирија пред Римјаните, ја освоија истаа оваа земја. По Персијанците, Александар Велики стана владетел на Сирија, како и над народите што таму ги затекнал. Но, тој умрел, оставајќи еден мал син и еден сè уште нероден. Македонците кои биле лојални на расата на Филип, го избрале Аридеј, братот на Александар за крал заради малолетноста на синовите на Александар...“

—Сириските војни

Апијан иако бил близок со аристократијата, тој важел за објективен и непристрасен историчар, кој ги прикажувал работите како навистина се.[3]

Наводи уреди

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 41. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Александар Донски. „Засебноста на античките Македонци“. Македонска нација. Недостасува |author1= (help)
  3. Богдан М. Стевановиќ (1962). ГИНИ: За Апијановото место меѓу античките историчари (PDF). Скопје. стр. 103–114. Недостасува |author1= (help)

Надворешни врски уреди