Легат (титула)
Легат (лат.: legatus) е титула која во периодот на доцната Римска република им била давана на сенаторите кои служеле под заповед на воените команданти и по чија препорака биле именувани од Сенатот[1]. Помпеј Велики и Цезар именувале свои легати кои имале пропреторски овластувања и често спроведувале полунезависна команда.
Ваквата идеја ја развил Октавијан Август така што поставил легат (сенатор од конзуларен ранг) кој подоцна ја добил титулата legatus Augusti propraetore, за да управува со секоја провинција за која бил одговорен, освен за Египет, кој имал коњанички офицери. Со секоја легија во провинциите управувал сенатор со преторски овластувања (Legatus legionis), кој му бил потчинет на намесникот.
Во провинциите со една легија командувал намесникот, освен во Африка, каде Гај Јулиј Цезар поставил посебен легат, поставувајќи проконзул за цивилна администрација. Legatus Augusti ретко имале повеќе од двајца постари команданти, главно во период од три години. Многумина од нив своите кариери ги забележале на споменици, но толкувањето на овие записи е дискутабилно и останува сомневањето за тоа дали повеќето од нив биле систематски подготвувани за воено командување или пак имале значително воено искуство.
Исто така, legatus Augusti propraetore определувале сенатор со посебни задачи. Од почетокот на II век него го поставувал владетелот, како свој советник и придружник (comes) во походите.
Еквивалент на легатот во современа војска е чинот на генерал.
Наводи
уреди- ↑ The Roman Army Архивирано на 3 јуни 2018 г. International World History Project (анг.)