Восок
Восоците претставуваат естри на масни киселини со алкохоли со долга јаглеродна низа. Се топат над 45 °C и даваат течност со мала вискозност. Нерастворливи се во вода, а растворливи во неполарни, органски растворувачи. Најпознати животински добиени восоци се пчелин восок, ланолин и др.