Сократ (филм од 1971)

Сократ (италијански: Socrates) - италијански филм од 1971 година, во режија на Роберто Роселини, кој е автор и на сценариото, заедно со Марија Грација Борниџа (Maria Grazia Bornigia). Главните улоги ги играат: Жан Силвер (Jean Sylvere), Ане Каприле (Anne Caprile) и Џузепе Манаџуоло (Giuseppe Mannajuolo). Овој филм спаѓа во последната фаза од творештвото на Роселини во која тој разработува историски настани и личности.[1]

Синопсис

уреди

Дејството на филмот се одвива во Атина, во 4 век п.н.е., кога филозофот Сократ е лажно обвинет и изведен на суд, по што тој одлучува да се отруе.[2]

Наводи

уреди