Нездружено подрачје
Нездружено подрачје или слободна област — разграничена област која не припаѓа на ниедна политичка општина. Главно овие области се ненаселени (шумски подрачја, водени површини, воени полигони и слично).
Германија
уредиВо Германија постојат слободни области, кои се создадени од страна на државата, кои никогаш не припаѓале на некоја општина и биле означени како слободни области.[1]
Слободните области или се наоѓаат во посед на сојузните покраини, во кои се наоѓаат, во посед на Сојузната Република Германија или на Сојузната служба за недвижнини. Административното право на управување припаѓа на сојузната власт, на окружната власт на соодветните окрузи и на надлежните управни служби во соседните општини. Исклучок се две население слободни област со сопствена администрација во Долна Саксонија, како и две слободни области во Шлезвиг-Холштајн, за кои се надлежни општинските служби, каде што и припаѓаат областите.
Со оглед на уставно загарантираното комунално самовладеење и демократските принципи во правната литература се појавуваат сомневања против постоење на слободни области кои се населени.[2]
Преглед
уредиВо Германија постојат 227 слободни области во внатрешноста, кои се поделени на пет сојузни покраини (состојба 1 јануари 2011 г.):
Сојузна покраина | 1 јануари 2011 | ||
---|---|---|---|
број | населени | Жит.а | |
Баварија | 194 | – | – |
Долна Саксонија | 25 | 2 | 1478 |
Хесен | 4 | – | – |
Шлезвиг-Холштајн | 2 | – | – |
Баден-Виртемберг | 2 | – б | – |
Германија | 227 | 2 | 1478 |
Германските области од онаа страна на крајбрежната линија задолжително првично биле слободни области. Ова се однесува на крајбрежните покраини, Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн на Северното и Балтичкото Море. Одредени водени површини биле целосно вметнати во општините.[3] Исто така, земјишните поседи, кои биле освојувани, не биле автоматски доделувани на најблиската општина, туку морало да се озакони целата процедура.[4]
Во 2000 година, бројот на слободни области во Германија изнесувал 295 со вкупна површина од 4.890,33 км2. Сè повеќе слободни области се укинувани и нивната површина е приклучувана во соседните општини, особено во Баварија, сојузната покраина со најмногу слободни области. Исто така се случуваат и намалувања на површината на слободните области.
Слободни области по површина
уредиПодолу се споменати најголемите слободни области во Германија (вклучувајќи ги сите населени области, но без езерата) со површина од повеќе од 50 км2:[5]
Регионален клуч | Слободна област | Округ | Сојузна покраина | Површина во км2 на 31 декември 2013 |
Население на 31 декември 2013 |
---|---|---|---|---|---|
031539504504 | Харц (округ Гослар) | Гослар | Долна Саксонија | 371,75 | — |
031569501501 | Харц (округ Гетинген) | Гетинген | Долна Саксонија | 267,35 | — |
066339200200 | Гутсбецирк Рајнхардсвалд | Касел | Хесен | 182,58 | — |
033589501501 | Остерхајде | Хајде | Долна Саксонија | 177,99 | 627 |
031559501501 | Золинг | Нортхајм | Долна Саксонија | 177,35 | — |
033519501501 | Лохајде | Целе | Долна Саксонија | 91,32 | 777 |
064359200200 | Гутсбецирк Шпесарт | Мајна-Кинциг | Хесен | 89,30 | — |
091809444444 | Еталер Форст | Гармиш-Партенкирхен | Баварија | 83,46 | — |
084159971971 | Гутсбецирк Минзинген | Ројтлинген | Баден-Виртемберг | 64,63 | —* |
010539105105 | Саксонска Шума | Војводство Лауенбург | Шлезвиг-Холштајн | 58,49 | — |
094729444444 | Фелденштајнер Форст | Бајројт | Баварија | 55,60 | — |
033549502502 | Герде | Лихов-Даненберг | Долна Саксонија | 51,81 | — |
033549501501 | Гартов | Лихов-Даненберг | Долна Саксонија | 50,92 | — |
066369200200 | Гутсбецирк Кауфунгер Валд | Вера-Мајснер | Хесен | 50,32 | — |
Во Баварија постојат уште неколку други слободни површини кои заедно имаат повеќе од 50 км2, но се споени од неколку соседни слободни области, додека поединечно не се поголеми од 50 км2.
Слободни езера
уредиСите езера, кои не припаѓаат на ниедна општина и со тоа се слободни области, се наоѓаат во Баварија. Во првото основање на баварските слободни области во 1956 година[6] биле означени уште и како „водени окрузи“ (Wasserbezirke).
Регионален клуч | Слободно езеро | Округ | Површина во км2 |
---|---|---|---|
091899451451 | Кимско Езеро | Траунштајн | 77,86 |
091889451451 | Штарнбершко Езеро | Штарнберг | 57,16 |
091819451451 | Амерско Езеро | Ландсберг на Лех | 47,42 |
091899452452 | Вагиншко Езеро | Траунштајн | 8,98 |
Слободната област „Вагиншко Езеро“ е составена од двете езера, Вагиншко Езеро и Тахиншко Езеро.
Островите во првите гореспоменати езера (Херенинзел, Фрауенинзел, Краутинзел, Розенинзел и најголемиот дел на Шведенинзел) не припаѓаат на слободните области на езерата. Најпосле, границите на езерата се сметаат како слободни области и како водени површини во најголем дел.
Населени слободни области
уредиСамо две слободни области се населени:[7]
Регионален клуч | Слободна област | Округ | Сојузна покраина | Население на 31 декември 2013 |
---|---|---|---|---|
033589501501 | Остерхајде | Хајде | Долна Саксонија | 627 |
033519501501 | Лохајде | Целе | Долна Саксонија | 777 |
Поранешни населени слободни области се источнофризискиот остров Мемерт, кој имал двајца жители на 31 декември 2002 година, но од 2004 не е повеќе населен и Гутсбецирк Минзинген, кој на 1 јануари 2011 година бил намален за населените делови на областа.
Австрија
уредиВо Австрија не постојат слободни области. Целата држава е поделена на општините според сојузниот устав, при што спаѓаат и сите водни површини, планини и други ненаселени области, кои се наоѓаат во некоја општина. Поради тоа австриските општини пред сè на Алпите често имаат големи површини. Тиролската општина Зелден со околу 467 км2 е поголема во површина од главниот град Виена, а има само 4000 жители.
Швајцарија
уредиВо Швајцарија не се користи ознаката „слободна област“, но и тука се наоѓаат области без комунална инфраструктура, како статистичките „површини надвор од политичките општини“. Тие се наоѓаат под директна управа на државата, односно на поединечниот кантони.
Во ненаселени области се вбројуваат:
- 22 езера, некои поделени помеѓу повеќе кантони, а некои езера поделени помеѓу повеќе држава Женевско Езеро, Боденско Езеро и Маџоре, како и
- Државна шума Галм (државен посед во кантонот Фрајбург).
Кон населени слободни области се вбројуваат манастирите Грименштајн и Воненштајн.
Манастирот Фар, ексклава на кантонот Аргау во кантонот Цирих, до 31 декември 2007 година не припаѓал на ниедна општина, но од 1 јануари 2008 година е област на општината Виренлос.
Норвешка
уредиОбластите Шпицбершки Острови, Јан Мајен и Буве не припаат на ниедна општина и на окрузите (Fylke). Овие области се управувани од државата.
Невклучени територии
уредиНевклучени територии е административна ознака за англосаксонските земји. Го означува секој вид на област, која нема сопствена администрација. Често ваквите области се непосредно управувани од соседните повисоки административни власти.
САД
уредиВо САД постојат голем број невклучени територии. Овие се под власт во одредени сојузни држави на окрузите, а во друг на градовите. Многу често постојат населби со сопствени имиња и социјален идентитет во овие области, наречени „невклучени заедници“. Овие населби ниту го имаат статусот на самостојна општина, ниту се дел од таквите општини. Многу невклучени заедници се прифатени со нивните имиња како поштенско одредиште, а многу се означени и за време на пописот.
Несолвентните општини можат да се прогласат за „невклучена област“.
Канада
уредиНе секоја „невклучена територија“ претставува „слободна област“ според гореспоменатата дефиниција; во Канада секоја населба, која нема самостојна општина, туку само општински дел, е означена како „невклучена населба“.
Наводи
уреди- ↑
- ↑
- ↑
- ↑
- ↑ „Alle politisch selbständigen Gemeinden mit ausgewählten Merkmalen am 31.12.2013“. Сојузна статистичка служба на Германија. Посетено на 28 август 2015.
- ↑ Bayerisches Gesetz- und Verordnungsblatt: Verordnung über die Gebietseinteilung des Freistaates Bayern in Regierungsbezirke kreisfreie Städte und Landkreise vom 9. November 1956, Herausgegeben 22. November 1956, Ausgabe 1956 Nr. 22, Seite 193–220
- ↑ „Alle politisch selbständigen Gemeinden mit ausgewählten Merkmalen am 31.12.2013“. Сојузна статистичка служба на Германија. Посетено на 28 август 2015.