Золинг (слободна област)

слободна област во Долна Саксонија

Золинг (германски: Solling (Landkreis Northeim)) — слободна област во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа потекнува од планинската област Золинг.

Местоположбата на областа во округот Нортхајм

Областа има површина од 177,49 км2[1] и со тоа е четврта најголема слободна област во Долна Саксонија и петта најголема во цела Германија.

Се протега во шумската област Золинг во округот Нортхајм и кон неа не припаѓа ниедна општина. Се граничи на исток со градовите Дасел и Моринген, на југ со градот Услар и општината Боденфелде во истоимениот округ. На југ се граничи и со округот Касел во Хесен, а на запад со округот Холцминден.

Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 55 501.[1]

Наводи

уреди