Лохајде (германски: Lohheide) — слободна област во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на Линебуршкото Поле.

Местоположбата на округот во округот Целе

Областа има површина од 91,32 км² и има 755 жители (2017 г.). Заедно со слободната област Остерхајде е дел од воениот полигон „Берген-Хоне“.

Историја

уреди

Во 1935 година, германската војска го основала воениот полигон „Берген“ помеѓу градот Берген и Фалингбостел. Вкупно 24 села биле погодени, а нивните жители преселени. Во 1938 година бил создаден посебен округ Берген (Gutsbezirk Platz Bergen) за да го раководи полигонот и бил под округот Фалингбостел. Во 1945 година, округот бил поделен на две слободни области, познати денес како Остерхајде и Лохајде. Остерхајде останал дел од округот Фалингбостел, додека Лохајде бил преместен под округот Целе.

Правен статус

уреди

Според член 16 од општинските одредби на Долна Саксонија, управувањето со нездружени подрачје е регулирано. Целосната верзија на овие одредби биле издадени на 4 декември 1996 година. Таму се наведува дека „испораката на јавни добра за областа е одговорност на земјопоседникот“, што во случај на Лохајде и Остерхајде, е сојузната влада. Управувањето со нездружено подрачје е различно од она на општините. Тие имаат окружен предводник (Bezirksvorsteher) и совет на избрани претставници од жителите.

Знаменитости

уреди
 
Германските воени гробишта во полигонот Берген-Хоне

Следниве знаменитости може да се најдат во Лохајде:

  • Замок Бредебек на потокот Литбах
  • центарот за посетители на концентрацискиот камп Берген-Белзен
  • гробиштата на жртвите од тиранијата во полигонот Хоне
  • германските воени гробишта
  • споменикот на генералот Вернер фон Фрич
  • советските воени гробишта

Наводи

уреди