Црква „Св. Троица“ - Скачинци
црква во Скачинци, Велешко
Св. Троица — православна црква во велешкото село Скачинци, Општина Градско, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Света Троица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Парохија | Градска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°35′55″N 21°48′26″E / 41.59861° СГШ; 21.80722° ИГД |
Место | Скачинци |
Општина | Градско |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Завршено | 1870 |
Живопис | 1870 |
Градител | Јаков Зографски |
Зограф | Јаков Зографски |
Архитектонски опис | |
Стил | преродбенички |
Црквата е сместена на југозападниот крај на селото. Изградена е и живописана во 1870 г.[1] (или можеби во 1883 г.). Градителските, копаничарските и живописните работи ги извел сестраниот тресонечки мајстор Јаков Дамјанов Зографски, претставник на Дебарската школа.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Парохија Градско - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 30 јуни 2008. Посетено на 25 ноември 2021.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 174.