Семеј
Семеј (казашки: Семей, Semeı; руски: Семей), до 2007 година познат како Семипалатинск (руски: Семипалатинск), а од 1917–1920 како Алаш-кала (казашки: Алаш-қала, Alaş-qala), е град во Казахстан, во Источноказахстанската област и во казашкиот дел на Сибир. Лежи покрај реката Иртиш и е близу до границата со Русија, на околу 1.000 километри северно од Алмати и 700 километри југоисточно од рускиот град Омск. Неговото население е 324 043 жители (2019 година).
Семеј Семей | ||
---|---|---|
Град | ||
Семеј | ||
Локација на Семеј во Казахстан | ||
Координати: 50°26′N 80°16′E / 50.433° СГШ; 80.267° ИГД | ||
Земја | Казахстан | |
Област | [[Источноказахстанска област |Источноказахстанска]] | |
Основан | 1718 | |
Статус на град | 1782 | |
Управа | ||
• Akim (градоначалник) | Ермак Салимов | |
Површина | ||
• Вкупна | 210 км2 (80 ми2) | |
Надм. вис. | 206 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 324 043 | |
Час. појас | UTC+6 (UTC+6) | |
Пошт. бр. | 071400 — 071417 | |
Повик. бр. | +7 7222 | |
Рег. таб. | 16 | |
Мреж. место | http://www.akimsemey.gov.kz |
Историја
уредиПрвата руска населба во областа потекнува од 1718 година, кога Русија изградила тврдина покрај реката Иртиш, во близина на урнатините на антички будистички манастир, каде можеле да се видат седум згради. Тврдината (а подоцна и градот) го добила името Семипалатинск (руски јазик „Седум-коморен град“) според манастирот. Тврдината честопати страдаше од поплавување предизвикано од топењето на снегот во Иртиш.
Во 1778 година тврдината била преместена на 18 километри северно. Мал град се развил околу тврдината и во голема мера служел за речната трговија меѓу номадските народи од Средна Азија и растечката Руска Империја. Изградбата на железничката пруга Туркестан-Сибир во почетокот на 20 век ја додаде важноста на градот, што го прави главна точка на транзит помеѓу Средна Азија и Сибир. На 19 мај 1854 година, Семипалатинск беше назначен за главен град на Семипалатинска област во рамките на Руската Империја.
Помеѓу 1917 и 1920 година, градот e главен град на непризнатата држава Алаш, основана по избувнувањето на октомвриската револуција во Русија. Градот бил наречен Алаш-кала за време на автономијата на Алаш. Силите на Црвената армија лојални на Петроград ја презедоа контролата над областа во 1920 година.
Во 1949 година, на 150 км (93 милји) западно од градот беше локацијата за тестирање на јадрена бомба. Со децении, Курчатов (тајниот град во срцето на полигонот именуван за Игор Курчатов, татко на советската атомска бомба) беше дом на многу тестови на советската наука за оружје. Советскиот Сојуз управуваше со полигонот Семипалатинск (СТС) од првата експлозија во 1949 година до 1989 година; Таму се одржаа 456 јадрени тестови, вклучувајќи 340 подземни и 116 атмосферски тестови. Семеј претрпе сериозни ефекти врз животната средина и врз здравјето на жителите од времето на нејзиниот атомски просперитет. Големиот број на атомски атмосферските тестови и неконтролирано изложување на работниците на зрачење, од кои повеќето живееја во градот, резултираа со високи стапки на рак, леукемија кај децата, импотенција, и дефекти при раѓање кај жителите на Семеј и соседните села.[1]
Денес Семеј е универзитетски град, има население кое надминува 300.000 жители. Заради нејзината близина до границата со Казахстан со Руската Федерација и големата научна заедница приложена кон лабораториите на СТС и универзитетот, во кој има многу Руси, за Семеј се вели дека има повеќе руски карактер од другите градови во Казахстан.
Семипалатинска област се спои со поголемата Источноказахстанската област, чиј главен град е Оскемен, на 23 мај 1997 година.
Во 2007 година, Градскиот совет на Семипалатинск едногласно гласаше за промена на името на градот во Семи. Претседавачот рече дека постојното име има негативни асоцијации поради обемното атомско тестирање таму.
Географија
уредиГрадот Семej се наоѓа во западниот дел на Источноказахстанската област и е втор по големина град во регионот. Сместен е на двата брега на реката Иртиш, што тече низ градот. Областа на градот заедно со руралните области е 27.490 км2, од кои самиот град зафаќа 210 км2. Се наоѓа на 200 км од Оскемен.
Клима
уредиСемеј има влажна континентална клима со топли лета и многу студени зими. Врнежите се мали во текот на целата година, освен за јули, кој има просек од 50 милиметри во споредба со помалку од 30 милиметри во другите месеци. Снегот е вообичаен, иако слаб, во зима. Најниската регистрирана температура е −48,6 °C (−55,5 °F), евидентирана во ноември 1938 година, а највисоката температура е 42,5 °C (108,5 °F), евидентирана во август 2002 година.[2]
Климатски податоци за Семеј | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 5.3 (41.5) |
6.8 (44.2) |
24.5 (76.1) |
33.0 (91.4) |
37.6 (99.7) |
39.5 (103.1) |
42.1 (107.8) |
42.5 (108.5) |
38.2 (100.8) |
29.5 (85.1) |
19.5 (67.1) |
7.6 (45.7) |
42.5 (108.5) |
Прос. висока °C (°F) | −9.4 (15.1) |
−7.6 (18.3) |
−0.3 (31.5) |
13.4 (56.1) |
22.1 (71.8) |
27.1 (80.8) |
28.6 (83.5) |
27.0 (80.6) |
20.6 (69.1) |
12.0 (53.6) |
0.6 (33.1) |
−6.7 (19.9) |
10.6 (51.1) |
Сред. дневна °C (°F) | −14.2 (6.4) |
−13.3 (8.1) |
−5.8 (21.6) |
6.6 (43.9) |
14.8 (58.6) |
20.1 (68.2) |
21.7 (71.1) |
19.5 (67.1) |
12.7 (54.9) |
5.2 (41.4) |
−4.3 (24.3) |
−11.1 (12) |
4.3 (39.7) |
Прос. ниска °C (°F) | −19.2 (−2.6) |
−18.8 (−1.8) |
−10.9 (12.4) |
0.3 (32.5) |
7.2 (45) |
12.6 (54.7) |
14.9 (58.8) |
12.0 (53.6) |
5.3 (41.5) |
−0.3 (31.5) |
−8.5 (16.7) |
−15.7 (3.7) |
−1.8 (28.8) |
Најниска забележана °C (°F) | −46.8 (−52.2) |
−45.3 (−49.5) |
−39.1 (−38.4) |
−26.1 (−15) |
−9.9 (14.2) |
−1.0 (30.2) |
4.3 (39.7) |
−0.7 (30.7) |
−8.2 (17.2) |
−20.8 (−5.4) |
−48.6 (−55.5) |
−45.8 (−50.4) |
−48.6 (−55.5) |
Прос. врнежи мм (ин) | 15 (0.59) |
15 (0.59) |
16 (0.63) |
16 (0.63) |
28 (1.1) |
29 (1.14) |
50 (1.97) |
22 (0.87) |
15 (0.59) |
21 (0.83) |
26 (1.02) |
22 (0.87) |
275 (10.83) |
Прос. бр. дождливи денови | 1 | 1 | 3 | 9 | 13 | 12 | 15 | 12 | 10 | 11 | 6 | 1 | 94 |
Прос. бр. снежни денови | 18 | 18 | 14 | 4 | 0.4 | 0 | 0 | 0.03 | 0.1 | 5 | 14 | 19 | 93 |
Прос. релативна влажност (%) | 75 | 75 | 76 | 59 | 53 | 53 | 60 | 59 | 60 | 67 | 74 | 75 | 66 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 108 | 139 | 199 | 243 | 303 | 335 | 342 | 307 | 242 | 144 | 111 | 94 | 2.567 |
Извор бр. 1: Pogoda.ru.net[3] | |||||||||||||
Извор бр. 2: NOAA (sun, 1961–1990)[4] |
Население
уредиНа почетокот на 2020 година, населението на градот изнесувало 324 043 жители, додека на метро областа на градот Семеј живеат 349 957 лица.[5]
Година | Население |
---|---|
1881 | 17 820 |
1910 | 34 400 |
1939 | 109 700 |
1959 | 149 800 |
1970 | 235 735 |
1979 | 282 574 |
1989 | 334 402 |
1991 | 344 700 |
1999 | 269 574 |
2004 | 268 998 |
2012 | 305 795 |
2020 | 183 097 |
Етнички состав
уредиЕтничкиот состав на жителите на Семеј (на почетокот на 2020 година):
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Казаци | 253 324 | 72.39 |
Руси | 82 227 | 23.50 |
Татари | 8 620 | 2.46 |
Германци | 2 028 | 0.58 |
Украинци | 529 | 0.15 |
Белоруси | 120 | 0.03 |
Ујгури | 311 | 0.09 |
Корејци | 387 | 0.11 |
Узбеци | 427 | 0.12 |
други | 1 984 | 0.57 |
вкупно | 349 957 | 100.00 |
Транспорт
уредиСемеј се наоѓа на железничката пруга Туркестан-Сибир и нуди врски со Алмати, Барнаул и Новосибирск.
Мостот Семеј, висечки мост преку реката Иртиш, ги поврзува двата делови на Семеј. Има главен распон од 750 метри (2.460 стапки) и вкупна должина од 1.086 метри (3.563 стапки). Изградбата започна во 1998 година, а мостот беше отворен за сообраќај во ноември 2000 година.[6][7]
Образование
уредиСемеј е познат по својата интелектуална медицинска заедница со водечкиот Државен медицински универзитет Семеј, кој го обезбедува регионот и државата со високо професионални здравствени специјалисти.
Збратимени градови
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Inside the nuclear underworld: Deformity and fear - CNN.com“. edition.cnn.com. Архивирано од изворникот на 2020-11-27. Посетено на 2020-11-30.
- ↑ „Погода и Климат - Климат Семипалатинска“. web.archive.org. 2016-11-25. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2020-11-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Weather and Climate - The Climate of Semipalatinsk (Semey)“ (руски). Weather and Climate (Погода и климат). Архивирано од изворникот на 25 November 2016. Посетено на 25 November 2016.
- ↑ „Semipalatinsk Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на 25 November 2016.
- ↑ „stat.gov.kz“. stat.gov.kz. Посетено на 2020-11-30.
- ↑ „New Bridge - Semey“. wikimapia.org (англиски). Посетено на 2020-11-30.
- ↑ „Semipatalinsk Irtysh River Bridge (Semey, 2002)“. Structurae (англиски). Посетено на 2020-11-30.