Сектори за внатрешни работи
Секторите за внатрешни работи или познати како СВР се подрачни единици на Министерството за внатрешни работи односно едни од главните делови на структурата на Бирото за јавна безбедност, формирани за вршење на полициските работи на територијата на Република Македонија. Нивните територии се во согласност со планските региони на државата, па така постојат осум вакви подрачни единици. Најголем по површина е битолскиот сектор, додека најгусто населен е скопскиот.
Табела
уредиИме | Седиште | Регион | Површина (км²) |
Жители (2002) |
Началник |
---|---|---|---|---|---|
СВР Битола | Битола | Пелагониски Регион | 4.717 | 238.136 | Славко Јовановски |
СВР Велес | Велес | Вардарски Регион | 4.042 | 133.248 | Злате Јаневски |
СВР Куманово | Куманово | Североисточен Регион | 2.310 | 173.814 | Стојанче Величковиќ |
СВР Охрид | Охрид | Југозападен Регион | 3.340 | 221.651 | Сашо Смилески |
СВР Скопје | Скопје | Скопски Регион | 1.812 | 571.040 | Тони Јакимовски |
СВР Струмица | Струмица | Југоисточен Регион | 2.739 | 171.416 | Танчо Пројковски |
СВР Тетово | Тетово | Полошки Регион | 2.416 | 304.125 | Амир Далипи |
СВР Штип | Штип | Источен Регион | 3.537 | 181.858 | Љупчо Трајковски |