Штрелазунд
Штрелазунд (германски: Strelasund) — проток или лагуна на Балтичкото Море, кој го раздвојува островот Риген од германското копно. Поврзан е со патен и железнички мост наречен Ригенски мост со Штралзунд. Се протега од северозапад до југоисток од малиот залив северно од Штралзунд наречен Кубички Залив до друг таков залив, Грајфсвалдски Залив на југоистокот. Протокот е не повеќе од три километри широк, достигнувајќи ја својата најголема широчина кон неговиот југоисточен крај. Долг е околу 25 километри.
Единствениот остров во Штрелазунд е Денхолм, врз кој се наоѓа Ригенскиот мост преку протокот.
На страната на Риген, брегот на многу места е стрмен, иако ова е разделено подолу на некои места. На копното, меѓутоа, бреговите се претежно рамни.
Штрелазунд бил средиште на две битки. Првата во 1362 и втората во 1369, обете на данскиот крал Валдемар IV против ханзеатската флота. Разликите помеѓу двете страни биле разрешени со Стокхолмскиот договор во 1370.
- Штрелазунд на Ризницата ?