Северјани

село во Мегленско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Северени)

Северјани, Северни или Севрели (грчки: Βορεινό, Ворино; до 1926 г. Σέβρενη, Севрени[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со исклучиво со Македонци.[3]

Северјани
Βορεινό
Северјани is located in Грција
Северјани
Северјани
Местоположба во областа
Северјани во рамките на Меглен
Северјани
Местоположба на Северјани во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°1.44′N 22°4.45′E / 41.02400° СГШ; 22.07417° ИГД / 41.02400; 22.07417
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000175000000175 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно673
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во северниот дел на котлината Меглен, под јужните падини на плаинната Кожуф. Лежи на 8 км северно од С’ботско.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Ова македонско село некогаш било христијанско, но во немирните години поголем дел од населението под принуда го прифатило исламот.[3]

Во XIX век Северјани било село во Ениџевардарската каза. Според Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Северјани (Севрени) било македонско муслиманско село со 586 машки жители и 150 домаќинства.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Севрели живееле 130 Македонци-христијани и 1200 Македонци-муслимани.[6]

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Севрени (Sevreni) имало 160 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[4][7]

Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. го води Северјани со 1.330 македонски жители, од кои 130 христијани и 1.200 муслимани.[3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Северени имало 218 куќи на Македонци-муслимани.[8]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 1.466 жители, а во 1920 г. во Северјани се попишани 1.143 лица.[3]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население на Северјани е иселено во Турција, а на негово место се доведени 682 Грци, претежно од Понт.[3] Во 1926 г. е преименувано во Ворино (со значење Северно, буквален превод на македонското име).[3] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 177 семејства сочинетии од 659 лица.[9] Според други податоци, во 1928 г. селото имало 693 жители, од кои 11 биле домородни, а останатите дојденци.[3]

Селото произведува жито, тутун, пиперки, десертно грозје, а развиено е и сточарството.[3]

Месности во Северјани преименувани со службен указ на 6 август 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Диња[10] Ντίνια Константина Κωνσταντινιά[11] блато на ЈИ од Северјани[10]
Поток[10] Ποτόκ Плимира Πλημμύρα[11] река на Ј од Северјани, десна притока на Баришта[10]
Курти[10] Κουρτί Рема Ρέμα[11] река на Ј од Северјани, десна притока на Баришта[10]
Дабот[10] Νταμποτ Веланидиес Βελανιδιές[11] месност на Ј од Северјани[10]
Карбури[10] Καρμπούρι Камбура Καμπούρα[11] месност на ЈИ од Северјани[10]
Чиковец[10] Τσικοβιτς Микра Μικρά[11] месност на ЈИ од Северјани и на Ј од Невор[10]
Врбак[10] Βάρμπα Итиес Ίτιές[11] месност на ЈИ од Северјани[10]
Кајнарџа[10] Καινάρτζα Термо Θερμό[11] река на И од Северјани, десна притока на Баришта[10]
Порој Πορόϊ Мелисотопос Μελισσότοπος[11]
Караџова Καρατζόβα Маврос Камбос Μαύρος Κάμπος[11] областа во која е сместено Северјани (Меглен)[12]
Бунив Камен[10] Μπούνιφ Κάμεν[11] Куфопетра Κουφόπετρα месност на Кожуф на С од Северјани[10]
Белица Μπελίτσα Аспрорема Άσπρόρεμα[11]
Исарот[10] Ίσροτ Химадио Χειμαδιό[11] месност на Кожуф на С од Северјани и на Ј од Зборско[10]
Ронго[10] Ρόγκοτ Вурло Βούρλο[11] врв на Кожуф на СЗ од Северјани и на З од Зборско (1.169 м)[10]
Леска[10] Λέσκα Рема Ρέμα[11] река на Кожуф на С од Северјани[10]
Лескова Нива[10] Λίσκοβα Νίβα[11] Лефтокарија Λεφτοκαρυά месност на Кожуф на С од Северјани[10]
Црвени Земји[10] Τσερβένι Ζέμνι[11] Кокинохома Κοκκινόχωμα врв на Кожуф на С од Северјани и на СИ од Зборско[10]
Катофилков Камен[10] или Катофилски камен[13] Κατοφίλκο Κάμεν[11] Петра ту Филипу Πέτρα τοϋ Φιλίππου врв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско[10]
Бела Вода[10] Βένα Βόδα Аспрокорфи Άσπροκορφή[11] врв на Кожуф на С од Северјани и на СЗ од Зборско[10]
Ќулто[10] Κιοϋλτο Келари Κελάρι[11] врв на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Средоречка[10] Στρεντορίτσκα Месео Дромаки Μεσαίο Δρομάκι[11] река на Кожуф на С од Северјани, лева притока на Козјак[10] (Круша)[12]
Чаири[10] Τσαΐρι Ливади Λειβάδι[11] шума на Кожуф на СЗ од Северјани на Средоречка Река[10]
Грото[10] Γκρότο Плая Πλαγιά[11] врв на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Витлогрико[10] Βιτλόγρικο Агриоплаја Άγριοπλαγιά[11] врв на Кожуф на СЗ од Северјани (1.360 м)[10]
Динга[10] Ντίγκα Сикома Σήκωμα[11] врв на Кожуф на С од Северјани (1.564,9 м)[10]
Куровица[10] Κουροβίτσα Куфала Κουφάλα[11] врв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско (1.679,1 м)[10]
Бела Чука[10] Μπαλατσούκα Аспрокорфес Άσπροκορφές[11] врв на Кожуф на С од Северјани, гранична пирамида бр. 100[10]
Кинарјо[10] Κυνάργο Оргомено Όργωμένο[11] месност на Кожуф на С од Северјани Ј под гранична пирамида бр. 102[10]
Порој[10] Πορόϊ Химарос Χείμαρρος[11] името на горното течение на Козјак, река на СЗ од Северјани која го двои Ниџе на И од Кожуф на З[10]
Хани[10] Χάνι Пандохиу Πανδοχείου[11] шума на Кожуф на С од Северјани, под Бела Чука[10]
Оровишта[10] Όρόβιστο Врахаки Βραχάκι[11] врв на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Плаца[10] Πλάτσα Платома Πλάτωμα[11] врв на Кожуф на С од Северјани[10]
Ликовина[10] Λυκοβίνα Вотано Βότανο[11] врв на Кожуф на С од Северјани и на ЈЗ од Зборско (1.024,7 м)[10][10]
Кутупи[10] Κουτούπι Куцуро Κούτσουρο[11] месност на С од Северјани[10]
Горско[10] Γκόρστκο Дасико Δασικό[11] месност на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Прашник[10] Πράσνικ Прасотопос Πρασσότοπος[11] месност на Кожуф на СЗ од Северјани, меѓу граничните пирамиди бр. 106 и 107[10]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 963 777 728 790 616 607 871 766 673
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 100. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 148. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 25.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 10,19 10,20 10,21 10,22 10,23 10,24 10,25 10,26 10,27 10,28 10,29 10,30 10,31 10,32 10,33 10,34 10,35 10,36 10,37 10,38 10,39 10,40 10,41 10,42 10,43 10,44 10,45 10,46 10,47 10,48 10,49 10,50 10,51 10,52 10,53 10,54 10,55 10,56 10,57 10,58 10,59 10,60 10,61 10,62 10,63 10,64 10,65 10,66 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  11. 11,00 11,01 11,02 11,03 11,04 11,05 11,06 11,07 11,08 11,09 11,10 11,11 11,12 11,13 11,14 11,15 11,16 11,17 11,18 11,19 11,20 11,21 11,22 11,23 11,24 11,25 11,26 11,27 11,28 11,29 11,30 11,31 11,32 11,33 11,34 11,35 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1070. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  12. 12,0 12,1 Топографска карта ЈНА 1: 50.000.
  13. Kavadarci GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)