Жан де Лафонтен (француски: Jean de La Fontaine; 8 јули 1621 - Париз, 13 април 1695) — прочуен француски баснописец и поет. Има напишано 240 басни. Тој е еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на најпознатите баснописци во светската литература. Лафонтен не е само баснописец, туку и поет, раскажувач, романописец и комедиограф. Лафонтен потекнува од старо и богато семејство. Се родил во гратчето Шато Тјери, а учел во родното место и во Париз. На 20-годишна возраст стапил во братството на орторијанците со намера да стане духовно лице. Само по една година се откажал и се запишал на правниот факултет во Париз. По завршувањето на студиите бил примен за адвокат во парискиот Парламент. Ни оваа професија не му се допаднала, па се насoчил кон античките писатели и писателите од ренесансата.

Жан де Лафонтен
Портрет на Лафонтен од Ијасент Риго
Изворно имеJean de La Fontaine
Роден/а8 јули 1621(1621-07-08)
Шато Тјери, Шампања, Франција.
Починат/а13 април 1695(1695-04-13) (возр. 73)
Неји на Сена, Франција
Занимањебаснописец, поет

Поврзано

уреди