’Ржаново (Кавадаречко)

село во Општина Кавадарци
(Пренасочено од Р’жаново (Кавадаречко))

’Ржаново — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.

’Ржаново

Поглед на истоимениот рудник

’Ржаново во рамките на Македонија
’Ржаново
Местоположба на ’Ржаново во Македонија
’Ржаново на карта

Карта

Координати 41°10′10″N 21°59′30″E / 41.16944° СГШ; 21.99167° ИГД / 41.16944; 21.99167
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Мариово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО
Надм. вис. 990 м
’Ржаново на општинската карта

Атарот на ’Ржаново во рамките на општината
’Ржаново на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Дел од преостанатите бараки околу денешниот ’Ржановски манастир

Селото се наоѓа во високиот јужен дел од Општина Кавадарци, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 990 метри.[2]

За селото не била водена посебна катастарска евиденција.[2]

Во атарот на селото на самиот пат Мрежичко-Мајден се наоѓала голема рударска населба со бараки, од која денес се останати само остатоци, како и ’Ржановскиот манастир.[3]

Историја

уреди

Во XIX век, ’Ржаново било дел од нахија Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Во рамките на атарот на селото се наоѓа истоимениот рудник, од кој до 2013 година се ископувала руда за потребите на комбинатот „Фени“ од Кавадарци.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194877—    
1953—    
1961—    
197120—    
19819−55.0%
ГодинаНас.±%
19917−22.2%
19942−71.4%
20020−100.0%
202100.00%

Селото е мало и во фаза на наполно раселување. Тоа во 1971 година броело 20 жители, а во 1994 година само двајца жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото ’Ржаново немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 77 [5] [5] 20 9 7 2 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Самоуправа и политика

уреди
 
Главната манастирска црква „Св. Петар“ на ’Ржановскиот манастир во рударската населба

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачко место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, ’Ржаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[3]
Манастири
Реки[13]
Ендемски видови

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 259. Посетено на 11 декември 2017.
  3. 3,0 3,1 Дарудова, Светлана (5 август 2014). „ОД НАСЕЛБА СО 800 РУДАРИ ОСТАНАА САМО УРНАТИНИ И ПРИКАЗНИТЕ“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-10-12. Посетено на 11 декември 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 декември 2017.
  5. 5,0 5,1 Податоците од населените места Мајден и ’Ржаново, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Рожден.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 декември 2017.
  11. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-07-04. Посетено на 11 декември 2017.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  13. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 35. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

уреди