Оревокршачка
Оревокршачка (руски: Щелкунчик, Балет-феерия / Shchelkunchik, Balet-feyeriya; француски: Casse-Noisette, ballet-féerie) е балет во два чина, првично кореографијата била на Мариус Петипа и Лев Иванов со партитура на Петар Илич Чајковски (оп. 71). Либретото е адаптирано од приказната на Хофман Оревокршачката и глувчето цар. Премиерата била во Мариински театар во Санкт Петербург во недела, на 18 декември 1892, заедно со операта на Чајковски, „Јоланта“.[1]
Иако не постигнала некој значаен успех, сепак дваесет минутниот дел што Чајковски го извлекол од балетот, постигнал успех. Од крајот на 1960-те години, балетот Оревокршачка ужива огромна популарност, а денес се изведува од страна на голем број балетски ансамбли, главно за време на Божиќ, особено во Северна Америка.[1]
Оваа партитура на Чајковски станала една од неговите најпознати композиции.[2] Меѓу другото, партитурата е позната поради употребата на челеста, инструмент што композиторот веќе го користел во својата помалку позната балада Војводата.
Создавање на балетот
уредиПо успехот на Заспаната убавица во 1890 година, Иван Всеволошки, директорот на Царскиот Театар, го ангажирал Чајковски да осмисли програма со опера и балет. За операта било решено да биде Јоланта. За балетот, Чајковски решил повторно да соработува со Мариус Петипа, со кого соработувал на Заспаната убавица. Материјалот што го одбрал Петипа бил адаптација на приказната на Хофман Оревокршачката и глувчето цар која ја направил Александар Дима под наслов Приказната за Оревокршачката.[1] Заплетот на приказната на Хофман (и на адаптацијата создадена од Дима) бил во голема мера поедноставен како балет од два чина. Приказната на Хофман содржи делови со сеќавања за тоа како принцот бил претворен во Оревокршач. Ова не било вметнато во балетот.[3]
Петипа му подготвил на Чајковски детални инструкции за составот на секој број, за темпото и за бројот на барови.[1] Работата на овој балет Чајковски ја прекинал за време од дваесет и пет дена, додека престојувал во САД, каде подготвувал концерти за отворањето на Карнеги Хол.[4] Делови од балетот Оревокршачка, Чајковски ги компонирал во Руан, Франција.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Anderson, J. (1958).
- ↑ Morin, A. (2001).
- ↑ Hoffmann, E.T.A., Dumas, A., Neugroschel, J. (2007).
- ↑ Rosenberg, Donald (22 November 2009). „Tchaikovsky's 'Nutcracker' a rite of winter thanks to its glorious music and breathtaking dances“. Cleveland.com. Посетено на 4 November 2010.
- ↑ „Tchaikovsky“. Balletalert.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 10 December 2012. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help)