Храм на Христос Спасителот

соборна црква во Москва

Храм на Христос Спасителот (руски: Храм Христа Спасителя) — највисоката православна црква во светот. Црквата се наоѓа во Москва, на кејот на истоимената река.

Храм на Христос Спасителот
Храм Христа Спасителя
Поглед кон катедралата
Основни податоци
МестоМосква
ЗемјаРусија

Изглед

уреди
 
Реконструираната црква.

Кога последниот војник на наполеонската војска ја напуштил Москва, царот Александар I потпишал Манифест на 25 декември 1812 преку кој јасно ја искажал неговата намера за градење на Катедрала во чест на Христос Спасителот која би ја означила нивната благодарност кон Бога за спасувањето на Русија од „непријателот кој ја затемни“ и која истовремено би служела како меморијален споменик на жртвите на рускиот народ.

Првиот архитектонски проект за катедралата бил завршен од самиот Цар во 1817, изведен во неокласичен дизајн исполнет со масонски симболи. Првите градежнички работи биле започнати на највисоката точка на Москва, која многу скоро се покажала како несигурна. Во меѓувреме, Александар I бил наследен од неговиот брат Николај I, кој бил голем патриот и православен верник и кому масонските и неокласични елементи не му се допаѓале.

Поради тоа, тој го анагажирал својот најомилен архитект Константин Тон да направи нов дизајн на катедралата, но овој пат по примерот на Света Софија од Истанбул, тогашен Цариград. Новиот неовизантиски стил бил одобрен, и во 1839 започнала изградбата на конаците и Црквата на новоизбрана локација.

Изградба

уреди

На катедралата ѝ биле потребни многу години за нејзината изградба (сè до 1860); деталните фрески продолжиле да се изработуваат од страна на најдобрите руски сликари и резбари и во следните дваесет години од нејзината изградба. Катедралата била осветена на 26 мај 1883 - на денот на крунисувањето на рускиот Цар Александар III.

 
Внатрешноста на црквата(1883).

Рушење

уреди
 
1931 - рушење.

По Октомвриската револуција во Русија во 1917 местото на кое се наоѓа катедралата било избрано од страна на Советите како многу погодна локација за изградба на споменик на социјализмот познат како Палата на Советите. Споменикот бил замислен да биде изграден во модернистички стил кој би служел како поддршка на огромната статуа на Владимир Илич Ленин. Поради тоа, на 5 декември 1931 година, по наредба на Каганович, катедралата била разурната со динамит.

Изградбата на Палатата на Советите била попречена и запрена поради недостиг на финансиски средства, како и честите поплави од реката Москва која се наоѓа во близина и ближењето на војната. Поплавената основа останала во таа состојба сè до времето на Никита Хрушчов, кога била пренаменета во јавен базен.

Новата црква

уреди
 
Поглед на црквата од Црвениот плоштад во 1997.

Со крајот на Советското владеење, Руската православна црква добила одобрение за ре-изградба на Црквата на Исус Христос Спасителот во февруари 1990. Фондот за прибирање средства бил отворен во 1992. Пониската црква била осветена во 1996 година, додека целата црква била обновена и осветена на 19 август 2000.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Координати:   55°44′40″N, 37°36′20″E